Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Почнува конклавата, првиот чад од Сикстинската капела се очекува попладне

by
2025/05/07 08:10:18
in Uncategorized

Потсетувајќи на старата папска изборна поговорка – „кој влегува во конклавата како папа, ја напушта како кардинал“, „Гардијан“ пишува дека малкумина фаворити на почетокот на процесот досега успеале да поминат низ последователните рунди на гласање

Кардинали на Римокатоличката црква од целиот свет денеска попладне под фреската „Страшниот суд“ на Микеланџело во Сикстинската капела ќе ја почнат конклавата, односно гласањето за избор на 267. папа.

Според дел од светските медиуми, станува збор за најголемата и можеби досега најнепредвидливата конклава што некогаш се одржала, во смисла на тоа кој ќе го наследи папата Франциск, кој почна минатиот месец на возраст од 88 години.

Тој, како што пишува „Гардијан“, зад себе остави шаренолик, но поделен колеџ на кардинали, од кои дел се за продолжување на прогресивните идеи што ги промовираше Франциск, додека други повеќе се за враќање кон традиционалните принципи на црквата.

Право на глас на конклавата имаат 133 кардинали кои од 28 април веќе се пристигнати во Ватикан, каде што одржуваа дневни состаноци на кои меѓусебно се запознаваа и ги споделуваа своите визии за иднината на Римокатоличката црква.

Последен во Рим пристигна надбискупот на Џакарта, Игнатијус Сухарјо Хартџотмоџо, чија изјава за медиумите, според британскиот весник, можеби најдобро го сумира предизвикот пред кој се наоѓаат кардиналите.

„Има многу конфузија. Слушнавме многу гласови, не е лесно да се извлечат заклучоци“, им рече тој на новинарите откако ги слушна обраќањата од 50 кардинали.

Кардиналите последниот состанок го одржаа вчера утро пред да преминат во Каса Санта Марија, каде што ќе треба да ги предадат своите мобилни телефони и да останат изолирани од надворешниот свет додека не се избере нов папа. Тие ќе излегуваат само за возењето со автобус помеѓу пансионот и Сикстинската капела. Претходно кардиналите ќе се заколнат на тајност, како и целиот персонал на Ватикан што им помага, од готвачи и чистачи до возачи и медицински лица.

На конклавата секој ден ќе има два круга гласање, еден наутро и еден попладне. Чад се испушта од оџакот инсталиран на врвот на Сикстинската капела на крајот од секоја сесија за гласање – ако е црн, тоа значи дека гласањето е неуспешно, доколку е бел, тогаш е избран нов папа.

Првиот чад се очекува да биде денеска попладне, откако кардиналите во 16:30 часот ќе влезат во Сикстинската капела.

Шпекулациите за тоа кој ќе го наследи Франциск беа распространети дури и пред неговата смрт.

На списокот кој брои повеќе од 20 имиња за потенцијален папа, во последните денови се појави нов кандидат. Станува збор за Роберт Превост, умерен кардинал од САД, кој според католичкиот весник „Крукс“ е познат по својата „цврста проценка и остар капацитет за слушање“.

Според некои проценки, Превост го презел фокусот од друг умерен фаворит за папа, државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин, кој се смета за одличен дипломат.

Друг фаворит е Луис Антонио Тагле, реформатор од Филипините со прекар „Азискиот Франциск“. Но, заедно со Паролин, тој е критикуван за лошо справување со случаите на сексуална злоупотреба на деца од страна на свештеници.

Заедно со Тагле, други во прогресивниот табор се италијанските кардинали Матео Ѕупи и Пјербатиста Пицабала, борец за мир кој со години живее во Ерусалим, како и Жан-Клод Холерих од Луксембург, Тимоти Радклиф од Велика Британија и Мајкл Черни од Канада.

На конзервативците меѓу кардиналите, како фаворит се издвојува името на унгарецот Петер Ердо и на кардиналот од Гвинеја Роберт Сара, кој беше критичар на папството на Франциск. Иако не се на листата на фаворити, меѓу оние кои лобираат за конзервативен наследник на Франциск се американскиот бискуп Рејмонд Бурк, кој го поддржува Доналд Трамп и Герхард Милер, Германец кој предупреди дека црквата може да се подели ако не се избере ортодоксен папа.

Потсетувајќи на старата папска изборна поговорка – „кој влегува во конклавата како папа, ја напушта како кардинал“, „Гардијан“ пишува дека малкумина фаворити на почетокот на процесот досега успеале да поминат низ последователните рунди на гласање. Клучен пример за тоа беше Хорхе Марио Берголио, кој во 2013 година не се сметаше за кандидат, но до крајот на конклавата стана папа Франциск.

Едно нешто за кое кардиналите се чини дека се согласуваат во пресрет на конклавата е потребата новиот папа да биде способен, односно како што наведе ватикански функционер за време на брифингот во понеделникот, да биде мост и водач на дезориентираното човештво во кризата на светскиот поредок“.

Друга работа за која, исто така, се чини дека се согласуваат е дека конклавата мора да биде кратка и да трае не повеќе од три до четири дена.

Next Post

Го украл возилото со дете внатре, додека тетката плаќала гориво – Потресна дрма на бензиска во Србија

Ќе стигнат ли Вучиќ и Фицо во Москва: Неколку земји им забранија прелет

Препорачани Вести

Сенатори блиски до Трамп бараат 500% царини за држави што купуваат руска нафта и гас

6 months ago

ЕКСПЛОЗИЈА ГО РАЗБУДИ ПРИЛЕП Фрлена бомба во двор, фасадата оштетена, се истражува мотивот

8 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.