Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Таравари со една нога надвор од Владата

by Уредник
07.05.2025
in Uncategorized

Само чудо може да го задржи Таравари во владината коалиција. Извори на Сител кои присуствувале на вчерашните разговори меѓу премиерот и лидерите на Вреди брифираат дека Таравари со една нога веќе е надвор од Владата. Според нашите извори, разликите меѓу двете страни се огромни а довербата речи си и да не постои.

Сепак, паднал договор да се направи уште еден обид за приближување на ставовите за што деновиве средба ќе имаат претставници на Вреди со вицепремиерот Фетаи кого Таравари го назначи за свој преговарач. Некој посебен оптимизам не се негува а за тоа говорат и серијата остри тонови кои од вчера се испраќаат меѓу двата табори. 

Завршија политиките на две столчиња и матни политички ставови, порачаа од Вреди вчера по средбата со Мицкоски.

„Оние што си заминаа го направија тоа затоа што ја искористија Вреди како отскочна даска за да скокнат во скутот на Ахмети. Вреди нема да дозволи ДУИ да се врати во оваа влада, дури ни низ задна врата. Ниту преку нејзините врски, ниту преку оние кои се лошо фатени во мрежата на олигархијата,  криминалот и корупцијата.“ – порачаа вчера од Вреди

Остри беа и лидерите. Меџити на социјалните мрежи го потсети Таравари дека го загуби Гостивар на парламентарните избори и му порача дека Вреди ги гаси светлата за лицемерни политичари. 

И ДУИ и во Влада не оди докторе, порача лидерот на Алтернатива, Зекирија Ибраими а Касами кратко го праша, Дали Вредеше?

Не вреди ниту да реагирам, кратко напиша Таравари на Фејсбук откако вчера извори на Сител блиски до него брифираа дека тој би сакал да се договори со Вреди за поддршка на градоначалничките кандидати, а ако не успее, ДУИ му е следната станица. 

Во ваков развој на настаните извесно е дека Таравари нема да го дочека летото на министерска позиција и големи се шансите да стане новиот партнер на Ахмети. 

Во ВМРО-ДПМНЕ денеска само го потврдија она што вчера стигна како неофицијален брифинг до медиумите

Таравари во моментов тежи 5 пратеници но се уште не се знае дали сите ќе го следат на патот кон ДУИ. Владини претставници во неколку наврати коментираа дека кај опозициски пратеници постои расположение да му се придружат на мнозинството но до овој момент, за тоа нема никаква најава. 

Next Post

Претрес во Скопје, пронајдени четири килограми марихуана, кокаин, пиштол…

Апсење во Кавадарци: Приведени три лица од Кавадарци за предизвикување пожар и кражба, одземеното вратено на сопственикот

Хаос во Жилче: Агресивен маж упадна во продавница и заврши во полиција!

Препорачани Вести

Голем дефект на „Крсте Мисирков“ – утре без вода клучни институции и делови од центарот на Скопје

2 months ago
НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Поројни дождови, громови, силен ветер и град!

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Поројни дождови, громови, силен ветер и град!

5 months ago

Популарни Вести

  • На Шар Планина се случила лавина од ЧЕТВРТИ СТЕПЕН на опасност – до овој момент нема пријави за исчезнати лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Агресивно однесување при полициски претрес: Лишен од слобода 35-годишник од Тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.