Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Зеленски има конкретни барања во врска со Русија: “Ова ќе го сопре Путин”

by Уредник
07.05.2025
in Uncategorized
Зеленски има конкретни барања во врска со Русија: “Ова ќе го сопре Путин”

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените во последните руски напади и повика на поостри мерки против Русија, со цел да ѝ се одземат ресурсите за водење војна.

„Во текот на ноќта, Русија лансираше четири балистички ракети и 142 дронови“, напиша Зеленски на Икс, додавајќи дека десетици беспилотни летала сè уште кружат над Украина. Според него, Киев бил погоден двапати – прво со ракети, а потоа со дронови во утринските часови.

Екипите за итни интервенции веднаш се распоредиле на терен и им пружале помош на повредените. Засега има информации за седум повредени, од кои четири се деца. За жал, животот го загубија жена и нејзиниот син, за кои Зеленски упати искрено сочувство.

Тој информираше и за напади врз други региони – Запорожје, Донецк, Житомир, Херсон, Дњепар, а особено критична била ситуацијата во Сумската област, каде што додека траеле спасувачките операции, Русија продолжила со гранатирање.

Зеленски повтори дека само засилен меѓународен притисок и посериозни санкции можат да го отворат патот за мир и дипломатија. Побара конкретни чекори што ќе го ограничат пристапот на Русија до ресурси за водење војна и се заблагодари на сите партнери кои ја поддржуваат Украина, особено во зајакнувањето на воздушната одбрана.

Во нападот врз Киев синоќа, според извори блиски до градските власти, убиени се две лица. Градоначалникот Виталиј Кличко објави дека дрон погодил станбена зграда во Шевченковскиот реон и потврди дека вкупно седум лица се повредени, меѓу кои и четири деца.

Next Post

Индиската армија објави видео за време на нападот

Бидете внимателни: Овие знаци покажуваат дека вашето тело има огромен недостаток на витамин Ц

Бидете внимателни: Овие знаци покажуваат дека вашето тело има огромен недостаток на витамин Ц

Препорачани Вести

Зеленски со застрашувачки бројки на загинати руски војници

5 months ago
Ескалира насилството во Кашмир: Расте бројот на загинати и повредени

Ескалира насилството во Кашмир: Расте бројот на загинати и повредени

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.