Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Анкета спроведена во пет европски држави открива: Трета светска војна за пет до десет години?

by Уредник
08.05.2025
in Uncategorized
Анкета спроведена во пет европски држави открива: Трета светска војна за пет до десет години?

Анкета: Сè повеќе Американци и Западноевропејци веруваат дека Трета светска војна е веројатна во следните 10 години

По повод 80-годишнината од Денот на победата во Европа, нова анкета открива загрижувачки тренд: сè повеќе луѓе во САД и западна Европа веруваат дека Трета светска војна е веројатна во наредните пет до десет години. Главна причина за ваквото стравување, според нив, се растечките тензии со Русија.

Анкетата, спроведена од „YouGov“ во пет европски земји – Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Шпанија – покажува дека меѓу 41 и 55 отсто од испитаниците веруваат дека нов глобален конфликт е многу или прилично веројатен. Истото мислење го споделуваат и 45 отсто од испитаниците во САД, објави The Guardian.

Загриженоста не застанува тука – меѓу 68 и 76 отсто од испитаниците сметаат дека евентуален нов светски воен судир би вклучувал употреба на нуклеарно оружје, додека меѓу 57 и 73 отсто се уверени дека Трета светска војна би донела поголеми човечки загуби од Втората светска војна.

Од 25 до 44 отсто од анкетираните дури веруваат дека новата војна би можела да доведе до уништување на поголемиот дел од светската популација.

Русија најчесто се посочува како главен потенцијален предизвикувач на евентуалниот конфликт, а веднаш по неа како сериозна закана се спомнува и тероризмот.

Односите со САД, исто така, предизвикуваат загриженост кај дел од Европејците. Поголемиот дел од испитаниците во Шпанија (58%), Германија (55%) и Франција (53%) сметаат дека напнатоста со Вашингтон претставува сериозна или умерена закана за мирот на европскиот континент.

Значителен број граѓани, односно меѓу 31% во Шпанија и 52% во САД, изразуваат страв дека злосторства слични на оние извршени од нацистичкиот режим во 1930-тите и 1940-тите години би можеле повторно да се случат во нивната земја.

На прашањето кој најмногу придонел за поразот на нацистите во Втората светска војна, меѓу 40 и 52 отсто од испитаниците од петте европски држави одговориле дека тоа биле САД. Во Велика Британија, 41% сметаат дека токму нивната земја одиграла клучна улога.

Кога станува збор за зачувувањето на мирот по завршувањето на војната, мнозинството (од 52 до 66%) сметаат дека НАТО имал најголем придонес, а меѓу 44 и 60% ја препознаваат и улогата на Обединетите нации и Европската Унија.

Next Post
Лудо или прифатливо? Ова се цените во Грција – еве што ве очекува доколку планирате одмор во Грција ова лето

Лудо или прифатливо? Ова се цените во Грција - еве што ве очекува доколку планирате одмор во Грција ова лето

Американски адмирал тврди дека Кина се подготвува за војна, ја откри и нивната воена цел

Американски адмирал тврди дека Кина се подготвува за војна, ја откри и нивната воена цел

Препорачани Вести

Франција ја казни компанијата Шеин со 40 милиони евра поради лажни попусти

Франција ја казни компанијата Шеин со 40 милиони евра поради лажни попусти

7 months ago

ВИДЕО: Дечиња од комшилукот со музичка чест за Спасен Силјановски

7 months ago

Популарни Вести

  • „Mercedes CLA“ прогласен за европски автомобил на годината во Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кифер Сатерленд приведен во Холивуд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Банон предупредува: Арктикот ја става Канада во фокусот на американската стратегија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 10 интересни факти за Гренланд – најголемиот остров со стратешко значење за светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гренланд: Голем протест во Нуук против плановите на Трамп за преземање од САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.