Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ЕУ ги олеснува условите за отворање нови рудници, а македонското рударство пропаѓа

by Уредник
09.05.2025
in Uncategorized

Засега, излезот од лошата состојба во рударството се гледа во Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045. Нејзе ја изготви МАНУ, а наскоро се очекува да се најде пред властите.

Рударската индустрија во Македонија, веќе со години наназад, постојано се движи по надолна линија. Знаци за заживување на овој, сособено важен сектор за државата, нема ниту според последните податоци од Државниот завод за статистика, кои го третираат индустриското производство. Показателите насочуваат дека индустриското производство бележи одреден раст, но тој ни од далеку не може да се пофали дека се должи на рударството.

Значителниот пад во ископот на минерали во индустриското производство „го покриваат“ поуспешните трендови во секторите на преработувачката индустрија и снабдувањето со електрична енергија и гас, кај кои има нагорна линија.

Па така, ако се анализираат последните пет официјални извештаи на Заводот посветени на индустриското производство, кај уделот на рударството се бележи само пад. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, бележи опаѓање од 8.2%. Рударството во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи опаѓање од 3.2 %. Најголем е падот во декември – дури 10% во 2024 година во споредба со истиот период во 2023.

Сликата не се подобрува ниту со податоците од годинава. Индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи опаѓање од 5.1%, додека пак во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи опаѓање од 4.4 %.

Во меѓувреме, Европската Унија ги олесни условите за издавање лиценци за геолошки истражувања и за отворање на рудници, зашто сака да ја исполни зацртаната Зелена агенда. За да се остварат целите за зелена енергија, неопходни се голем број на минерални суровини, чиј ископ Унијата започна да го стимулира – тука се литиумот, кобалтот, бакарот и други. Дури и последните проекции од Извештајот на Светската банка за растот на Македонија за 2025 година укажуваат како земјата во иднина да осигура подобра економија, акцентирајќи ја зелената транзиција.

Изгледите за раст на Северна Македонија се тесно поврзани со забрзувањето на пристапните преговори со ЕУ и со посилните реформски напори за поддршка на структурната трансформација на економијата. Напредувањето во планот за реформи за ЕУ, вклучувајќи ги целите за зелена транзиција, е критично за поттикнување на одржливиот раст на среден до долг рок, Смета Масимилијано Паолучи, директор на канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија и Косово.

Засега, излезот од лошата состојба во рударството се гледа во Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045. Нејзе ја изготви МАНУ, а наскоро се очекува да се најде пред властите, бидејќи рокот за предлози и забелешки истече на почетокот на мај.

Стратегијата, изработена од МАНУ со ангажман на над 20 истакнати научници, има за цел да обезбеди долгорочен и одржлив развој на рударскиот сектор, балансирајќи ги економските придобивки со високите еколошки стандарди и јавниот интерес. Процесот на изработка на Стратегијата е целосно транспарентен и инклузивен, со активно учество на академската заедница, граѓанскиот сектор, професионалните здруженија и бизнис-заедницата. Расправата отвори конструктивна дебата, со низа предлози и забелешки за унапредување на документот, особено во делот на заштитата на животната средина, усогласувањето со ЕУ-директивите и транспарентноста во доделувањето концесии, соопштија неодамна од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

По независноста во 1991 година, Македонија создава стабилна економска основа со рударскиот сектор, кој игра значителна улога во бруто домашниот производ (БДП). На пример, во 2014 година, рударската индустрија, која ги вклучува и обработката на камен и производството на природен гас, учествувала со 15,6% во БДП. Сега, пак рударската индустрија придонесува со околу 1% во вкупниот БДП на државата.

Next Post

Отворање на рудникот Живојно е добар чекор кон целосна зелена енергија, велат експертите

Турска инвестиција од 25 милиони евра во Скопје - инвестиција потврдена на средба со директорот Димовски

Препорачани Вести

Вработен во УЈП заработи кривична пријава, му дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола

Скандал со брзи кредити: Вработен во Фондот за здравство дел од банда што крадела идентитети и земала илјадници евра

9 months ago
МВР: На Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се одржи симулациска вежба

МВР: На Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се одржи симулациска вежба

11 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.