Економија
Гешовски: Од Тему наместо до 22, ќе може да се купува и до 90 евра, на што ќе се плаќа данок
ЕЛС е компанијата која на македонските граѓани ги испорачува пратките од популарнaта Тему, за која интересот, се повеќе расте. Сопственикот, Игор Гешовски во интервју за еМагазин.мк вели дека ЕЛС успеа исклучително брзо да се прилагоди на овие барања, вложиле во проширување на тимот и оптимизација на операциите.
Нивната крајна цел е секоја пратка да стигне навремено и без компликации, што несомнено ја постигнуваат.
Интересот за пратки од Тему, се повеќе расте кај македонските граѓани. Со кои предизвици се соочувате за овие неколку месеци околу испораките?
– Интересот за Тему во Македонија расте со голема брзина, што ни претставува и потврда дека граѓаните се сè поотворени кон онлајн купување од странство. Како логистичка компанија која ја започна соработката со Ели експрес и Тему, факт е дека на почетокот се соочивме со низа предизвици, пред сè поради енормно зголемениот обем на пратки.
Просецот на доставата вклучува повеќе чекори – обработка на нарачките, пакување, транспорт и испорака до крајната дестинација – и сите тие се од суштинско значење за обезбедување беспрекорно искуство за клиентите.
Ние успеавме исклучително брзо да се прилагодиме, вложивме во проширување на тимот и оптимизација на операциите, со што денес веќе имаме извонредна основа за понатамошно унапредување на услугата. Нашата крајна цел е секоја пратка да стигне навремено и без компликации, што несомнено ја постигнуваме.
Во контекст на ова, во моментов имаме повеќе од 250 вработени, располагаме со повеќе од 200 сопствени возила и имаме 50 хабови низ државата. Воедно, имаме 200 аутсорсинг, односно почнавме да претендираме кон тој модел на работа – даваме загарантиран бизнис, поддршка, брендирање, се користат нашите лиценци, возила ако треба, така што за мали реони можноста за работа и за профит е одлична. Токму затоа, бројката овој месец ќе да стигне до 100 бази, во кој се вклучени околу 400-500 луѓе.
Што е она што граѓаните треба да го знаат за пратките од Тему, има ли можност за злоупотреби, на кој начин ги штитите?
– Видете, тие се светски продавачи, сертифицирани, граѓаните имаат можност да ја вратат пратката и сето тоа го пишува детално на нивната платформа. Продавачите на Тему се лиценцирани, сертифицирани, така што нема дилема дека станува збор за сериозни продавачи. Граѓаните можат да ја следат пратката во секој момент, да знаат до каде е процесот на достава, да остават мислење за производот што го добиле и слично.
Она што можам да го најавам за следниот период е дека македонските граѓани досега можеа да купуваат производи кои чинат најмногу до 22 евра, но од месецов веќе граѓаните ќе можат да купуваат и производи до 90 евра, на што ќе се плаќа данок.
Колку граѓаните одговорно се однесуваат кон своите нарачки, во смисла на оставање точни податоци за испорака, наведување на точен код?
– И претходно, а и сега апелираме дека треба да се внесуваат точни податоци за контакт и адреса за достава, бидејќи токму тука често наидуваме на проблеми при испорака. Се соочуваме со ситуации кога доставувачите да не можат да ги контактираат граѓаните, поради погрешен телефонски број и адреса.
Апелираме доколку некои од граѓаните имаат оставено лажни податоци или нецелосни телефони да си коригираат во профилите на платформите за да немаат проблеми со доставата. И секако, да не оставаат лажни телефони или фиксни броеви и да ја почекаат доставата на адреса, односно да не доаѓаат во хабовите да ги преземаат пратките.
Во контекст на ова, би сакал да апелирам граѓаните да бидат трпеливи да им пристигне СМС порака или електронска пошта дека пратката е пристигната во државата. Потоа, тие ќе добијат друга СМС порака/електронска пошта дека во следниот период можат да го очекуваат она што го нарачале. Непосредно пред да им биде доставена пратката, примателот ќе добие повик од доставувачот.
Во моментот кога се предава пратката, лицето што извршило нарачка ќе добие безбедносен код на својот телефон, кој треба да му го издиктира на доставувачот. Овој код го има само примателот и е воведен за да се избегнат било какви манипулации. Со ова, процесот на испорака успешно се заокружува.
Кој е вашиот апел, на што точно да обрнат внимание кога нарачуваат?
– Нашиот апел до граѓаните е пред сè да бидат информирани. Важно е да се провери дали производот има точна и јасна описна информација, дали има рецензии и фотографии од корисници, бидејќи тоа помага да се избегнат било какви непријатности. Онлајн шопингот нуди многу погодности, но важно е да се пристапи одговорно и со основна информираност.
Колку пратки дневно испорачувате низ државата и што е она што нашите граѓани најчесто го порачуваат?
– Во моментов ЕЛС испорачува по половина милион пратки месечно, а целта е до крајот на годината да се испорачуваат по еден милион пратки. Дневно, испорачуваме околу 20.000 пратки. Со оглед на зголемениот обем на работа, планираме да воведеме пакетомати, уреди кои на корисниците им овозможуваат самопослужување со преземање на својата пратка во кое било време.
Дополнително, планираме да се воведе новитет во нашето работење, преку достава на пратки за еден ден насекаде низ Македонија. Доколку пратката не биде доставена во рок од два дена, доставата ќе биде бесплатна.
Економија
(ВИДЕО) ЗК Пелагонија го отвори првиот „АгроЕкоЦентар за обука за зелени вештини“
Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и да развиваат одржливи и иновативни земјоделски практики – создавајќи професионалци со зелени вештини подготвени за иновативно и одговорно управување со ресурсите.
Првиот проект на „Агро Еко Центар за Обука за Зелени Вештини„ е реализиран во соработка со Стопанска комора на Северна Македонија Economic Chamber of North Macedonia, кадешто на 02 декември 2025 година беше отворена првата „АгроЕкоСтаница за зелени вештини” – технолошка иновација која претставува важен чекор кон воведување на паметни-smart решенија во земјоделството и можност за континуирана практична обука за идните „Еколошки агротехничари“.
АгроЕкоСтаница за зелени вештини ќе претставува современа платформа во склоп на центарот за обука што ќе овозможи развивање на компетенции за еколошко и рационално управување со земјоделските ресурси преку практична работа со современи дигитални алатки:
– Следење и анализа на состојбата на почвата, растенијата и климатските услови според податоците од сензорите на АгроЕкоСтаницата.
– Пристап до податоци во реално време и применa на еколошки мерки за заштита на културите и обновување на биолошкиот диверзитет кој ќе доведе до контролирана употреба на заштитни средства (пестициди и хербициди), минерални ѓубрива и рационално користење на вода за наводнување.
– Препознавање и превенција на ризици како суша, болести и штетници преку дигитални предупредувања.
– Поддршка за одржливи и ефикасни земјоделски практики.

Oсновната цел на ЗК Пелагонија е да ја доближи најсовремената технологија до локалните земјоделци , ученици, студенти и сите заинтересирани, градејќи заедница која се развива преку знаење, иновации и практична примена.
оваа иницијатива, Пелагонија продолжува да се позиционира како регион што го следи европскиот пат на модернизација и дигитализација во земјоделството.

Полињата на ЗК Пелагонија стануваат отворена книга – реален простор каде идните агротехничари, студенти и земјоделци ќе учат, иновираат и применуваат зелени вештини во реални услови – пример за одржливо и модерно
Нашиот прв проект на „Агро Еко Центар за Обука за Зелени Вештини„ е успешно реализиран и сме особено задоволни што пред многу млади ги покажавме придобивките од воведување на паметни-smart решенија во земјоделството и како се постанува професионалец со зелени вештини подготвени за иновативно и одговорно управување со ресурсите и животната средина.
Голема благодарност до Стевче Стевановски Градоначалник на Општина Новаци, Драганчо Саботковски – градоначалник на општина Могила и Општина Битола – официјална страница за нивното присуство и поддршка за заедничко залагање за реализирање на понатамошни обуки за зелени вештини кои ќе бидат од големо значење за локалните заедници.
Економија
Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“
Гевгелија, [13.12.2025 година] – Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население.

Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите посетители уживаа во целодневната програма исполнета со музика, дружење со маскоти, цртање на лице и игри со сапунени меури, што го претвори првиот работен ден на маркетот во вистински настан за градот.

Новиот објект се простира на површина од 3.000 метри квадратни, дизајниран според највисоките светски стандарди. Купувачите веќе имаат пристап до асортиман од над 20.000 артикли, вклучувајќи производи за домот, играчки, декорации и сезонски изненадувања.
Како значајна новина за купувачите во Гевгелија е интегрирањето на селектиран асортиман од брендот ВЕРО во рамките на самиот маркет. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите на едно место да ги задоволат сите потреби за домаќинството, штедејќи време и уживајќи во квалитетот на двата силни бренда.

Генералниот директор на ВЕРО и ЏАМБО маркетите, Петар Денковски, истакна дека ова отворање е многу повеќе од проширување на продажната мрежа – тоа е исполнување на ветувањето за поддршка на локалната заедница.

„Горди сме што со оваа капитална инвестиција директно влијаеме на економскиот пулс на Гевгелија. Отворивме нови работни места и создадовме силен регионален магнет кој очекуваме да привлекува купувачи не само од градот, туку и од соседството,“ изјави Денковски.
Менаџментот на компанијата потврди дека експанзијата не застанува тука. Успешната приказна продолжува и следната година со најавеното отворање на нов маркет во Струмица, со што ЏАМБО и ВЕРО целосно ќе го заокружат своето присуство во југоисточниот дел на Македонија.
Новиот маркет во Гевгелија веќе работи со полн капацитет, нудејќи креативни решенија и производи за целото семејство, под препознатливиот слоган „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“.
Економија
Вкупен неделен промет од 46,9 милиони денари, без позначајни активности на обврзничкиот пазар
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.
Во периодот од 8 до 12 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 237 трансакции со вкупен промет од 46,93 милиони денари, при што беа тргувани 31.442 хартии од вредност. Индексот МБИ10 неделата ја заврши со пад од 0,32%, на ниво од 10.190,89 поени, додека индексот ОМБ остана стабилен на 129,44 поени, без значителни промени во вредноста.
Најтргувани хартии од вредност
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 16.550.265 денари
● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 10.351.316 денари
● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 7.472.583 денари
Во текот на неделата беа реализирани четири блок-зделки, со вкупна вредност од 67,47 милиони денари, меѓу кои:
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 58.425.000 денари
● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 5.750.350 денари
● Институт за заварување Југ Скопје – 7.287.750 денари (две блок-зделки)
● Реплек АД Скопје (RPK) +1,25%
● Гранит АД Скопје (GRN) +0,61%
● Алкалоид АД Скопје (ALK) +0,39%
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) –1,96%
● Стопанска банка АД Скопје (STB) –3,00%
● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) –0,87%
Во текот на неделата беа реализирани седум трансакции со државни обврзници за денационализација, во вкупен износ од 1.230.775 денари, меѓу кои:
● Р. Македонија – денационализација 21 – 479.586 денари
● Р. Македонија – денационализација 22 – 638.351 денари
● Р. Македонија – денационализација 23 – 112.838 денари
Неделата од 8 до 12 декември 2025 година се карактеризираше со намалена пазарна активност и пад на индексот МБИ10 за 0,32%.Најликвидни беа Комерцијална банка, Макпетрол и Алкалоид, кои доминираа со над 70% од вкупниот промет. Позитивно движење бележат Реплек и Гранит, додека Комерцијална банка и Стопанска банка имаа негативно влијание врз индексот. Обврзничкиот пазар остана со ограничен обем на тргување, без позначајни ценовни промени.
Трендинг
-
Македонија2 days agoМВР со конечна одлука еве кога почнува „Безбеден град“
-
Црна Хроника2 days agoПретрес во тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени две лица
-
Црна Хроника1 day agoФизички нападната девојка на работно место во Брвеница
-
Црна Хроника4 days agoПолицијата во Тетово со полни раце работа – Уапсени пет лица
-
Црна Хроника7 days agoОбид за кражба завршил со пожар во Брвеница – Полицијата со детали
-
Балкан6 days agoДрама во Србија: БМВ се заби во камион, возачот со цигара тврди: „Не знам, ме удри камион“ (ВИДЕО)
-
Црна Хроника5 hours agoХорор на патот Охрид–Струга: Возач двапати тргнал кон полицајци и успеал да избега
-
Република3 days agoПо децении најави, Тетово конечно добива Саат кула















