Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Отворање на рудникот Живојно е добар чекор кон целосна зелена енергија, велат експертите

by Уредник
09.05.2025
in Uncategorized

Јагленот од наоѓалиштето Живојно ќе придонесе кон намалување на увозот на јаглен од Грција и Косово и на електрична енергија од странство, намалување на цената на струјата и енергетска независност, согласни се екпертите со плановите на АД ЕСМ да го отвори рудникот Живојно.

Македонскиот енергетски сектор се наоѓа пред значајна пресвртница, растргнат меѓу долгогодишната зависност од фосилни горива и императивот за усогласување со глобалните трендови на одржлива енергетска транзиција, смета професорот Зоран Панов, шеф на Катедрата за површинска експлоатација на Природно-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Тој нема дилеми дека покрај јасната стратешка насока кон интензивирање на употребата на обновливи извори на енергија и интеграција со регионалните и европските енергетски пазари, јагленот сè уште има важна улога како стабилен и достапен извор на базна енергија во тековниот период.

„Оваа ситуација ќе потрае сè додека не се создаде соодветна инфраструктура која ќе гарантира долгорочна зелена одржливост на енергетскиот систем. АД ЕСМ има дефинирана стратегија за постепено намалување на зависноста од увозен јаглен, кој се покажува како економски неповолен. Оваа цел може да се постигне преку активирање на домашните резерви, чие постоење е потврдено со детални геолошки истражувања. Во овој контекст, рудникот Живојно во моментов се наметнува како најбрзо и најекономично решение за обезбедување стабилно домашно производство на електрична енергија. Поради ова, од исклучителна важност е да се воспостави ефикасен институционален одговор кој ќе ги усогласи краткорочните енергетски приоритети со долгорочните цели за климатска одржливост“, вели Панов.

Според експертите, во моментов, нашата држава сè уште не располага со доволно развиена инфраструктура за производство на базна енергија од обновливи извори. Ова го прави јагленот привремено незаменлив елемент во националниот енергетски баланс.

Затоа, вели Панов, на експлоатацијата на домашниот јаглен од идниот рудник Живојново следните години треба да се гледа како на рационален и одговорен чекор во преодната фаза кон целосна зелена енергија. Овој пристап овозможува постепено намалување на зависноста од увоз и обезбедува енергетска стабилност во периодот додека земјата ги развива своите капацитети за обновливи извори на енергија.

Во АД ЕСМ проектот Живојно беше тема на работната средба помеѓу генералниот директор Лазо Узунчев и градоначалникот на Новаци Стевче Стевановски. Тие се согласиле дека увозот, односно набавката на јаглен како енергенс за потребите на термоелектраните „Битола“ на краток и на среден рок е неодржливо решение со оглед дека и до 200 камиони дневно натоварени со овој енергенс транзитираат преку патната инфраструктурата на Општина Новаци. Во тој контекст тие споделија став дека најоптимално решение за ослободување од зависноста од увезениот јаглен е искористување на потенцијалите од локалитетот Живојно кој во преодниот период кон енергетска транзиција може да биде клучен за целосна независност на АД ЕСМ во обезбедувањето на погонско гориво за термоблоковите.

„Во перспектива, тоа ќе придонесе кон енергетската независност, намалување на цената на електричната енергија, минимизирање на увозот на електрична енергија и зајакнување на финансиската стабилност на АД ЕСМ која ќе обезбеди средства за нови инвестиции во обновливи извори и во паметни еколошки решенија за заштита на животната средина“, подвлекоа од ЕСМ.

Next Post

Турска инвестиција од 25 милиони евра во Скопје - инвестиција потврдена на средба со директорот Димовски

Велика Британија и зададе силен удар на Русија: Санкции за флотата во сенка

Велика Британија и зададе силен удар на Русија: Санкции за флотата во сенка

Препорачани Вести

КОЊАНОВСКИ: ТРЕБА ДА РАЗГРАНИЧИМЕ МЕЃУ ЃУБРИШТЕ И СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

10 months ago

Министерството за здравство најави итни надзори во приватните болници по тврдења за непотребни операции

5 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.