Connect with us

Црна Хроника

Голема физичка пресметка меѓу малолетници во училиште

На 09.05.2025 во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

Црна Хроника

Семејно насилство во Тетово – Полицијата со брза интервенција

policija tetovo

На 22.12.2025 во 00:55 часот на ул.,,29 Ноември“ во Тетово,  полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Б.(20) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.12.2025 околу 22:30 часот физички ја нападнал неговата 23-годишна вонбрачна сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Македонија на трето место во Европа по убиства на жени од најблиските

Според најновите податоци на Евростат за 2023 година, анализирани од „Еуроњуз“, нашата земја зазеде загрижувачко трето место во Европа по стапката на убиени жени од партнер или член на семејството. Овие бројки ја осветлуваат мрачната реалност на родово-базираното насилство кое продолжува да ја загрижува македонската јавност.

Според статистиката, шест жени на милион жители во Македонија ја загубиле животната од рацете на блиски лица, што ја става земјата веднаш зад Латвија и Литванија. Латвија го држи црниот врв со 17 убиени жени на милион жители, додека Литванија е на второто место со 10. За споредба, просечната стапка во Европската Унија е 4,1 убиена жена на милион жители – речиси двојно помалку од македонската.

Евростат истакнува дека кога сторителите се партнери или членови на семејството, жените се жртви речиси двојно почесто од мажите. Најниски стапки во ЕУ, освен Малта, се бележат во Грција (1,8 на милион жители), Шпанија (2) и Холандија (2,3).

Податоците покажуваат дека бројот на вакви трагедии во ЕУ останува релативно стабилен во последната деценија, со блага стапка на раст, достигнувајќи 4,4 жени на милион жители во 2022 година.

Глобално, ситуацијата е уште алармантна. Според Обединетите нации, Африка е континентот со највисока стапка на фемицид – 30 жени на милион жители, а проценет број на жртви во 2024 година изнесува 22.600. Во поширокиот европски регион, стапката е пет жени на милион жители.

Околу 60% од овие убиствa се извршени од интимни партнери или членови на семејството. Обединетите нации ги квалификуваат ваквите злосторства како „фемицид“ – намерни убиства мотивирани од родово базирани фактори, вклучувајќи нееднакви односи на моќ, родови стереотипи и штетни општествени норми.

Continue Reading

Црна Хроника

Голем дефект на 110kV трафостаницата “Тетово 1” го остави цело Тетово без струја

Дел од корисниците во Тетово се без снабдување со електрична енергија поради дефект на 110 kV трафостаницата „Тетово 1“, информираат од Електродистрибуција.

Како што соопштуваат, прекинот во електроснабдувањето започнал од 16 часот, а екипите на Електродистрибуција се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг