Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ванг Ји: Посетата на Кси на Русија има историско значење

by
2025/05/10 20:10:25
in Uncategorized

Посетата на кинескиот претседател Кси Џинпинг на Русија го промовира меѓународниот мултилатерализам и политичкото реструктуирање, што има историско значење, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во врска со четиридневниот престој на Кси во Москва и учеството на парадата по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

„Многу луѓе, и во Кина и во странство, веруваат дека оваа посета дополнително ќе ја зајакне сеопфатната стратешка соработка меѓу Кина и Русија во новата ера и ќе придонесе за заедничко одржување на повоениот меѓународен поредок, како и на повеќеслојниот мултилатерализам на светот и реконструкцијата на меѓународниот политички модел, што е од големо историско значење“, ја цитираше изјавата на Ји кинеското Министерство за надворешни работи на својата веб-страница.

Сè додека Кина и Русија стојат рамо до рамо, политиката на сила нема да може да надвладее, со додава во изјавата.

„Додека двете големи земји – Кина и Русија – стојат рамо до рамо и тесно соработуваат, меѓународниот поредок нема да биде нарушен, правдата во светот нема да падне и политиката на моќ нема да може да надвладее“, им рекол Ванг Ји на новинарите коишто го придружуваа за време на посетата на Москва.

Шефот на кинеската дипломатија, исто така, истакнал дека „промените се нормална состојба на меѓународната ситуација, но меѓусебната доверба и поддршка меѓу Кина и Русија остануваат непроменети“.

Ова беше единаесетта посета на Кси на Русија откако ја презеде функцијата во 2013 година. Тој и Путин разговараа речиси четири часа, нарекувајќи се еден со друг „блиски пријатели“. Путин најави и посета на Кина на есен, каде што ќе се одбележи поразот на Јапонија во Втората светска војна.

Заедничката изјава објавена по разговорите отиде подалеку од претходните, директно обвинувајќи ги САД.

„САД и нивните сојузници се обидуваат да го прошират НАТО кон азиско-пацифичкиот регион, создаваат затворени сојузи и се обидуваат да ги придобијат земјите во тој регион за нивната ’индо-пацифичка стратегија‘, со што го поткопуваат мирот, стабилноста и просперитетот во регионот“, се наведува во текстот.

Кина со години го споделува предупредувањето на Москва дека ширењето на НАТО  кон истокот ја загрозува безбедноста на суверените земји, како и глобалниот мир. Исто така, Москва и Пекинг со заедничката објава порачаа дека „едностраните принудни мерки, вклучувајќи ги и економските санкции кои го заобиколуваат Советот за безбедност на ОН, ја кршат Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право и ја нарушуваат глобалната безбедност“.

Кина со години е во трговска војна со САД, а двете земји викендов треба да ги одржат почетните преговори за смирување на тензиите. Истовремено, САД ја притискаат Русија да се согласи на мировни преговори со Украина.

Во изјавата, исто така, се наведува дека Русија „цврсто ги поддржува кинеските мерки за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет и постигнување национално обединување“.

Иако Кина и Русија немаат официјален воен сојуз, тие имаат интензивна воена соработка. Според податоците на проектот ChinaPower, само минатата година одржале дури 14 заеднички воени вежби. На воената парада во Москва во петокот, учествуваше и кинеската почесна гарда, што е првпат од 2015 година.

Next Post

Пакистан го прекрши договорот за прекин на огнот, објавија медиуми

Eлмас се сели во Холандија?

Препорачани Вести

Зијадин Села на пат кон ВЛЕН? Меџити открива турбуленции во албанската политика

Зијадин Села на пат кон ВЛЕН? Меџити открива турбуленции во албанската политика

2 months ago
Инфлуенсерката Ешли која го обвини Елон Маск, ги објави пораките во кои Маск има необичнo барање

Инфлуенсерката Ешли која го обвини Елон Маск, ги објави пораките во кои Маск има необичнo барање

10 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.