Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ПОЛИЦАЕЦ ПРИ СООБРАЌАЈНА КОНТРОЛА ОБЉУБИЛ ДЕВОЈКА ВЛЕГУВАЈЌИ Ѝ ВО КОЛА, Ѝ РЕКОЛ „ЈАС МОРА ДА ПИПНАМ“

by Уредник
11.05.2025
in Uncategorized
ПОЛИЦАЕЦ ПРИ СООБРАЌАЈНА КОНТРОЛА ОБЉУБИЛ ДЕВОЈКА ВЛЕГУВАЈЌИ Ѝ ВО КОЛА, Ѝ РЕКОЛ „ЈАС МОРА ДА ПИПНАМ“

Куќен притвор и привремено одземање на пасошот доби полицаец кој е осомничен дека во центарот на Скопје обљубил девојка која ја запрел за сообраќајна контрола, соопшти Обвнителството. Постапувајќи по кривична пријава од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи (МВР), Обвиителството го товари полицаецот од Полициска станица Бит Пазар за кривичното дело „Обљуба со злоупотреба на положбата“ по член 189 став 1 од Кривичниот законик. Делото го сторил на 31 јули во 22:30 часот, на булевaрот Крсте Мисирков пред хотел ‘Дајмонд’.

„Осомничениот, постапувајќи по наредба за вршење на дејност на сообраќајни прекршоци од Законот за безбеност на сообраќајот на патиштата, со светлосен знак ја запрел оштетената која управувала патничко моторно возило марка ‘мицубиши колт’ и при проверката на документацијата утврдил дека оштетената го управува возилото без возачка дозвола.

Наместо да изготви и да ѝ врачи прекршочен платен налог, тој преку отворена возачка врата на возилото каде седела оштетената ѝ ги фатил рацете и со главата и горниот дел од телото влегол внатре во возилото и ѝ ја повлекол маицата па почнал да ја бакнува по градите, вратот и лицето.

Потоа, напуштајќи го возилото ѝ рекол ‘Сега ќе те пуштам. Јас морам да пипнам, морам да видам’ и со трескање ја затворил вратата од возилото на оштетената и ѝ одобрил да си замине. Оштетената го ставила возилото во движење и го пријавила настанот, по што во координација со јавен обвинител беа преземени предистражни дејствија за расветлување на случајот.

Врз основа на земени примероци за ДНК и извршено препознавање беше утврден идентитетот на полицискиот службеник и против него е поднесена кривичната пријава“, вели Обвинителството.

Обвинителството предложи притвор ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци ќе ја попречи истрагата, но судијата на претходна постапка не го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи мерка за преминување на државна граница и забрана за издавање нова.

Обвинителството најави дека за тоа ќе поднесе жалба, со оглед дека запретената казна за кривичното дело за кое се товари осомничениот е најмалку пет години затвор.

Next Post
Крвава пресметка во Загреб: Менаџерот на Цеца го нападнал Саша Мирковиќ?

Крвава пресметка во Загреб: Менаџерот на Цеца го нападнал Саша Мирковиќ?

Избори во Албанија, Рама е фаворит

Избори во Албанија, Рама е фаворит

Препорачани Вести

Полска ја достигна економската вредност од 1 трилион долари

5 months ago
Куче поминало 160 километри за да го пронајде своето семејство – неверојатна приказна го обиколи светот

Куче поминало 160 километри за да го пронајде своето семејство – неверојатна приказна го обиколи светот

8 months ago

Популарни Вести

  • Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

    Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пензионерка измамена за 2.600 евра со лажен повик од „доктор’“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс – градоначалникот на Кичево и пет лица обвинети за штета од стотици илјади евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската партија во Албанија поднесе тужба против Владата за отворање мигрантски центри во Општина Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија најавува економска помош за Сирија по крајот на режимот на Асад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.