Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

АД ЕСМ се подготвуваат за активирање на наоѓалиштето за јаглен во Живојно

by Уредник
12.05.2025
in Uncategorized

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска во Новаци одржа јавна расправа по студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот „Експлоатација на јаглен од наошѓалиштето Живојно со површинска технологија“.

Активирањето на наоѓалиштето Живојно, кое според истражувањата има околу 24 милиони тони јаглен, ќе овозможи АД ЕСМ целосно да ги покрие потребите од овој енергенс од сопствено производство.

Динамиката за експлоатација ќе се одвива во период од седум години, односно првите три години се подготвителни работи за целосна експлоатација на јаловинските маси, а потоа четири години користење на откриениот јаглен. Експолатациониот период од седум години се совпаѓа со моментот на напуштањето на производство на електрична енергија од т.н. нееколошки извори. Квалитетот на јагленот е поволен и подобар наспроти увозниот јаглен што во моментов се користи во РЕК Битола.

На седмата година наоѓалиштето целосно ќе биде исцрпено и според студијата, по завршување на експлоатацијата на цел јаглен, земјиштето ќе биде вратено во првобитна состојба, а делот што нема да може да се врати во сегашна состојба ќе биде оплеменет со мерки во функција на заштита на животната средина, истакна Тони Ангелески, помошник директор во секторот за развој, инвестиции и проектирање во РЕК Битола.

Од АД ЕСМ информираа дека за активирање на наоѓалиштето ќе се спроведе и процес на експропријација на дел од земјиштето, а со екплоатација на јагленот ќе запре набавката на увозен јаглен и потребите за РЕК Битола ќе бидат задоволени исклучиво со домашен јаглен од современ рудник.

Оворањето на рудникот Живојно ќе биде клучен фактор за дополнително намалување на производствената цена на струјата во РЕК Битола, а обезбедувањето јаглен од локални извори воедно претставува стратешки чекор за непречено производство на електрична енергија до целосен премин кон зелено сценарио, беше истакнато на денешната јавна расправа во Новаци.

Next Post
Премиерот Мицкоски сподели прекрасни вести – Зголемени плати, реален раст – Македонија се буди!

Мицкоски: Одговорниот и принципиелниот тим во Министерството за финансии носат резултати

ПРВИОТ ЧОВЕК НА ФФМ ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

Препорачани Вести

Учениците од ОСМУ „Никола Штејн“ од Тетово собраа средства за семејствата погодени од трагедијата во Кочани

10 months ago

ФИФА со ново признание – Наградата за мир му припадна на Доналд Трамп

1 month ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.