Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

[ФОТО] Путин подготвува пеколен план за НАТО? Шведските медиуми објавија сателитски снимки

by Уредник
13.05.2025
in Uncategorized
[ФОТО] Путин подготвува пеколен план за НАТО? Шведските медиуми објавија сателитски снимки

Русија ја зголемува воената присутност на границата со Финска – НАТО во состојба на аларм

Ново сателитско разузнавање предизвика сериозна загриженост во НАТО, откако беше откриено дека Русија интензивно ја засилува својата воена инфраструктура долж границата со Финска – потег кој потсетува на подготовките пред инвазијата врз Украина во 2022 година.

Шведската телевизија SVT, повикувајќи се на сателитски снимки добиени од Planet Labs, објави дека во последните недели се забележува значително трупање на руски сили на северозападниот дел од земјата – во близина на граничната линија со Финска, која во април 2023 година стана полноправна членка на НАТО.

Според извештајот, засилена активност е забележана во неколку стратешки точки: Каменка, Петрозаводск, Североморск-2 и Олења. Само во Каменка биле поставени повеќе од 130 воени шатори со капацитет за сместување до 2.000 војници.

Воената инфраструктура која Русија ја гради во овој регион, според западни аналитичари, има слични елементи со трупањето на сили пред почетокот на инвазијата врз Украина, што предизвикува стравувања за можен нов конфликт – овој пат на границата на Алијансата.

Кремљ веќе претходно предупреди дека ќе преземе „воено-технички мерки“ како одговор на приклучувањето на Финска кон НАТО. Според финските власти, последните потези на Москва се гледаат како тестирање на единството на НАТО.

Весa Виртанен, заменик-началникот на одбраната на Финска, во изјава за германскиот медиум Welt, посочува дека Русија не престанува со провокации: „Тие го тестираат членот 5 од НАТО договорот со масовни миграции, сајбер напади, блокирање на GPS сигналите и информативни напади.“

Тој нагласува дека, за време на конфликтот во Украина, во регионот биле распоредени околу 20.000 војници и четири резервни бригади. „Сега гледаме изградба на нова инфраструктура и ново трупање војска. Во иднина, таму ќе има повеќе војници отколку пред почетокот на војната во Украина“, предупреди Виртанен.

Според напис на Wall Street Journal од крајот на април, Русија започнала изградба на нова воена база во Петрозаводск, на околу 160 километри од границата со Финска. Западни воени и разузнавачки извори проценуваат дека базата ќе може да командува со десетици илјади војници, кои би можеле да претставуваат „рбет“ на нови руски сили подготвени за потенцијален судир со НАТО.

Овој развој на настаните се случува во чувствителен момент, кога се очекуваат можни директни мировни преговори меѓу Украина и Русија во Истанбул, што дополнително ја зголемува геополитичката неизвесност.

Next Post
Велика Британија развива тајно оружје за следење на руски подморници

Велика Британија развива тајно оружје за следење на руски подморници

Во Хирошима пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна

Во Хирошима пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна

Препорачани Вести

Каракачанов: Сепаратистички се барањата Македонците во Бугарија да имаат свои организации

10 months ago

ВЛЕН: ДУИ/НАИ се обидува да го продаде поразот како „реформа“

2 months ago

Популарни Вести

  • Македонија оди по чудо против Португалија – вечерва се испишува историјата!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска разгледница од Спасен и Ана Силјаноски: Топли насмевки во снежната идила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Со автобус до планинскиот рај: Стартуваше линијата Тетово – Попова Шапка, повратен билет само 200 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската комисија повторно бара истрага за наводната употреба на звучен топ на протестите во Белград

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судири пред Владата во Тирана: Демонстрантите и полицијата лице в лице на протестот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.