Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Поранешен украински генерал со предупредување до НАТО

by Уредник
13.05.2025
in Uncategorized
Поранешен украински генерал со предупредување до НАТО

Лондон – Поранешен врховен командант на украинските вооружени сили, Валериј Залужни, сега амбасадор на Украина во Велика Британија, изрази загриженост за актуелниот модел на војување кој НАТО го применува, нагласувајќи дека тој е далеку од реалноста на современото боиште. Залужни на Лондонската одбранбена конференција, која се одржа на Кингс колеџот во Лондон, предупреди на брзо променливата природа на современото војување, која е во контекст на, како што ја опиша, распадот на светскиот поредок базиран на правила.

„Не станува збор само за модернизација на одбранбената индустрија или некоја врста на поново наоружување“, изјави Залужни, нагласувајќи дека Западот треба да развие нова државна политика. Според него, ова подразбира темелно освежување на тактиките, организацијата, доктрините, обуките и буџетите на вооружените сили. „Сето ова бара не само дополнителни ресурси, туку и, што е најважно, дополнително време“, додаде тој.

Многу западни воени експерти го гледаат војувањето во Украина како лабораторија за современо војување, која нуди бројни лекции. Според нив, руската стратегија во Украина покажува дека би можело да се стави на тест военото воздухопловство на НАТО во иднина. Во исто време, НАТО и западните воени функционери нагласуваат дека, и покрај големите и скапи системи кои се клучни за воените способности на Алијансата, потребни се и многу евтини оружја за една употреба, како што се дронови.

Сепак, Залужни изрази загриженост дека Западот не ги усвојува овие лекции доволно брзо. И покрај тоа што дроновите играат трансформативна улога во одбраната на Украина, Залужни нагласи дека се потребни значителни промени во воените стратегии на НАТО. Според него, ако НАТО престане да користи тенкови и се потпре само на високотехнолошки воени средства, ќе бидат потребни најмалку пет години за да се достигнат украинските капацитети. „Но, технологијата ќе напредува во тој период, како и нашите непријатели“, додаде Залужни.

Тој исто така истакна дека Европа има голема потреба од Украина како штит, нагласувајќи дека Украина располага со најголемата армија на континентот и дека е единствената земја која знае како да води модерно, високо-технолошко војување.

Next Post

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГО СКРАТУВА ВАЖЕЊЕТО НА ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ

УТРЕ СРЕДА БЕЗ СТРУЈА! Овие села ќе останат во мрак од 9 до 14 часот

Препорачани Вести

Голема тага во Луксембург: Принцот Фредерик почина на 23-годишна возраст, боледуваше од ретка болест

Голема тага во Луксембург: Принцот Фредерик почина на 23-годишна возраст, боледуваше од ретка болест

10 months ago
Пијан возач во кочанско со автомобил излетал од патот

Пијан возач во кочанско со автомобил излетал од патот

7 months ago

Популарни Вести

  • Макрон: Царинските закани на Трамп се неприфатливи, Европа ќе одговори обединето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Перник празнува: Колоритни костими и стотици учесници на дефилеата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вкупен промет од 90,5 милиони денари, стабилен обврзнички пазар без поголеми промени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 26-годишна жена физички нападната во Тетовско, полицијата истражува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еди Рама поканет од Доналд Трамп во „Одборот за мир“ за Газа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.