Connect with us

Црна Хроника

За една седмица две учителки во Скопје нападнати од ученици- Наставничката моментално е на боледување, а родителите стравуваат за своите деца !!!

Во основно училиште во општина Карпош, Скопје, денеска се случи бојкот на наставата од страна на ученици од четврто одделение, откако во петокот нивна наставничка беше физички нападната од ученик. Според дописот што родителите го испратиле до директорката на училиштето, нивните деца не се чувствуваат безбедно поради серијата инциденти поврзани со истиот ученик, чие насилно поведение кулминирало со напад на наставничката.

Наставничката, која сега е на боледување, била загризана по раката и удирана по главата од страна на ученикот, според медицинската документација. Инцидентот предизвикал страв и вознемиреност кај учениците, а родителите изразуваат загриженост за безбедноста и психолошката состојба на нивните деца.

Училиштето информира дека ученикот две години нема образовен асистент, иако стручната служба работела со него и соработувала со родителите. Директорката на училиштето изјави дека била на службено патување за време на инцидентот и дека ситуацијата се истражува.

Родителите поднесоа претставка до Државниот просветен инспекторат, наведувајќи дека ученикот бил префрлен од еден во друг клас без одлука на училишниот совет, што го сметаат за незаконски. Тие бараат итни мерки за решавање на ситуацијата и гарантирање на безбедна училишна средина.

Овој случај е дел од пошироката загриженост за врсничкото насилство во македонските училишта. Според податоци од Министерството за образование и наука, во текот на 2023 година, 33% од учениците изјавиле дека биле изложени на некој вид насилство, а бројот на пријавени инциденти е во пораст. Образовните асистенти играат клучна улога во создавањето инклузивен образовен систем, особено за учениците со посебни образовни потреби.

Родителите на учениците од засегнатата паралелка најавуваат дека бојкотот ќе продолжи додека не се преземат соодветни мерки за обезбедување на безбедна училишна средина. Тие апелираат до надлежните институции да реагираат итно и да обезбедат поддршка за учениците, наставниците и родителите во справувањето со оваа сериозна ситуација.

Според полицискиот билтен на МВР на 09.05.2025 има уште еден случај за напад на наставник од страна на ученик: На 09.05.2025 во 12.45 часот во СВР Скопје, С.Р. (45) од Скопје, вработена во основно училиште, пријавила дека околу 08.40 часот во основно училиште на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од ученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

Црна Хроника

Трагична сообраќајна несреќа во Турција: Седум загинати, 11 повредени

Седум лица загинаа, а 11 се повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тарсус-Адана-Газијантеп во турскиот град Османије. Несреќата се случила во населбата Бахче кога патнички автобус, кој сообраќал од Измир кон Газијантеп, удрил во задниот дел од камион кој застанал на патот поради пукната гума, извести Анадолија.

Автобусот го управувал А. А. (42), додека камионот го возел Х. К. (52). Полицијата и службите за итна помош се на терен, а повредените се префрлени во локалните болници за укажување на медицинска помош.

Continue Reading

Црна Хроника

Трагедија во Србија: Пронајдени три безживотни тела – полицијата на терен

Во утринските часови во семејна куќа во Чачак беа пронајдени телата на маж на возраст од 47 години и неговите родители, околу 75 години, пренесуваат српските медиуми.

Полицијата и екипата на брзата помош потврдиле дека станува збор за насилна смрт, а на местото на настанот бил пронајден и нож. Местото е целосно обезбедено за да не се уништат трагите и доказите.

Форензичкиот тим моментално собира докази, но засега не е јасно дали станува збор за семејна трагедија, двојно убиство со самоубиство или напад од трета страна. Сите детали ќе бидат утврдени по завршување на истрагата.

Continue Reading

Црна Хроника

Масовна акција во Скопје: Уапсени Србин, Турчин и неколку лица, меѓу кои и малолетници

Полициски службеници од СВР Скопје изминатата ноќ извршија контрола на повеќе локации во градот и лишија од слобода повеќе лица, меѓу кои и малолетници, поради поседување дрога.

Меѓу уапсените се М.Р.(41) од Република Србија, Х.К.(32) од Република Турција, како и М.И.П.Ф.(24), М.Ј.(18), А.М.(42) и З.Ј.(31), сите од Скопје. Дополнително, полицијата привела и тројца малолетници на возраст од 16 и 17 години.

При контролата кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосното документирање на случаите, надлежните органи ќе поднесат соодветни пријави и ќе преземат понатамошни законски мерки.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг