Connect with us

Економија

Димитриеска-Кочоска: Инјектирани нови 41,2 милиони евра во домашната економија

Министерството за финансии денеска префрли од централниот Буџет нова транша од 2,5 милијарди денари за поддршка на домашните компании. Средствата се префрлени кон Развојната банка, од каде се трансферираат кон деловните банки преку кои се реализираат средствата од оваа кредитна линија кон крајните корисници – компаниите.

-Денеска инјектираме нови 41,2 милион евра во домашната економија. Со овие средства заедно со двете веќе исплатени транши од вкупно 84,54 милиони евра поттикнуваме значајна инвестициска активност кај домашните компании и домашната економија. Тоа се вкупно 125,7 милиони евра средства кои Владата директно ги вбризга во домашната економија. Тоа се проекти кои ќе дадат значаен инпут врз економскиот раст и кои ќе бидат еден сигнал или чекор кон остварувување на проекцијата од 3,7% , вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Ова е трета транша која се префрла од буџетот кон Развојната банка за поддршка на проекти на домашните компаниите од средствата обезбедени од унгарскиот заем од страна на Владата. Вкупно досега се префрлени 125,7 милиони евра во три транши. Компаниите имаат на располагање средства во вкупен износ од 250 милиони евра кои се планирани во Буџетот за 2025 година и за поддршка на своите проекти можат да поднесат барање во деловните банки преку кои се реализира оваа мерка на Владата насочна кон поддршка на домашната економија.

Средствата се пласираат кон компаниите под исклучиво поволни услови, рок на отплата до 15 години, со вклучен грејс период до 3 години и каматна стапка од 1,95%, како и без надоместок за одобрување и управување.

Економија

Профитите на германските автомобилски гиганти паднаа на најниско ниво од 2009 година

Германската автомобилска индустрија бележи најтежок квартал во последните 15 години. Според анализа на консултантската фирма EY, оперативните профити на Volkswagen, BMW и Mercedes-Benz меѓу јули и септември се намалиле за 76%, достигнувајќи околу 1,7 милијарди евра.

Ова претставува најниско ниво на профит од 2009 година, иако вкупниот приход и продажба останале релативно стабилни. Ниту една друга земја со значајна автомобилска индустрија не забележала толку слаби резултати.

Продажбата на германски автомобили падна најмногу во Кина, за 9%, додека уделот на кинескиот пазар во вкупната продажба се намали од 39% на 29%. Продажбата на премиум модели се намалува, а во сегментот на електрични возила купувачите се повеќе се одлучуваат за локални брендови.

Во Германија, компаниите Bosch, Mercedes и Volkswagen веќе најавија намалување на бројот на вработени. EY предупредува дека ваквите мерки се болни, но неизбежни.

Continue Reading

Економија

Историски удар за германската автомобилска индустрија: Волксваген ја затвора фабриката во Дрезден

Германската автомобилска индустрија се соочува со сериозни предизвици откако Волксваген најави дека ќе ја запре производството во својата фабрика во Дрезден. Ова е прво затворање на фабрика во Германија во 88-годишната историја на компанијата, што означува историски момент за индустријата која долго време беше мотор на германската економија.

Причините за затворањето се поврзуваат со структурните промени во автомобилската индустрија, особено транзицијата кон електрични возила и потребата за намалување на трошоците. Од Волксваген соопштуваат дека ќе преземат мерки за поддршка на вработените, вклучително и понуди за пренасочување кон други објекти и програми за обука.

Експертите предупредуваат дека ова затворање може да има пошироки последици врз германската економија и добавувачите во автомобилскиот сектор, особено во регионот околу Дрезден. Автомобилската индустрија во Германија, која долго време беше симбол на технолошка извонредност и економска стабилност, сега се соочува со потреба од брзи адаптации за да остане конкурентна на глобалниот пазар.

Continue Reading

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година. Поевтинуваат горивата од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат. Поевтинуваат горивата за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.

Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг