Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Кошта: Пристапниот процес е повеќе маратон, а не брза трка

by Уредник
15.05.2025
in Uncategorized

Македонија заврши многу работа и затоа треба да останете на тој правец. Пристапниот процес е повеќе маратон, а не брза трка, тоа е напорен процес што понекогаш може да фрустрира, како што се случило и со сите претходни кандидати. Но сите тие ја постигнаа целта, секако и вие ќе ја постигнете целта но со вашата решеност, напорна работа и соработка, ќе успеете на крај со заобиколување на пречките, изјави претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

Кошта истакна дека проширувањето на ЕУ е најдобра стратешка инвестиција во мир, стабилност што сите може да ја направиме. Тој ја поздрави работата на Владата во поглед на реформската агенда, и напредокот што веќе беше постигнат, нагласувајќи дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ.

-Го охрабрувам премиерот да ги вложи своите напори за да го овозможи натамошниот напредок. Може да сметате на нас, на ЕУ, затоа што ние ви стоиме на располагање подговтвени да ја искористите оваа динамика. Клучно е да се продолжи со реформите и да се инвестира во владеењето на правото и борбата против корупцијата. Сакам да ја уважам и вашата усогласеност со нашата заедничка надворешна и безбедносна политика, потенцира Кошта.

Премиерот Мицкоски од своја страна истакна дека нашата посветеност во процесот на ЕУ ќе се засили во процесот што следува и оти достоинствено ќе го одблокираме европскиот пат.

-Нашата поветеност во процеот на ЕУ ќе се засили во процесот што следи, затоа што веруваме дека нашата иднина е во европското семејство – како што кажа претседателот на Совето Кошта, патот до ЕУ е фрустрирачки, но граѓаните на оваа земја го одеа и најтешкиот пат. Се надевам дека во периодот што следи ќе го одблокираме достоинствено европскиот процес и достоинствени ќе бидеме дел од европското семејство, нагласи премиерот Мицкоски.

Next Post

Инцидент меѓу Апасиев и Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ, реагирало собраниското обезбедување

Лимани: Најмалку четири пратеници од Алијанса за Албанците остануваат во владејачкото мнозинство

Препорачани Вести

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанија прогласи вонредна состојба

9 months ago

Гаврани го тероризираат Белград

9 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.