Connect with us

Македонија

Ковертирана оставката на Таравари, почнува борбата за пратеници

Во Собранието веќе се лицитира колкумина од петте пратеници ќе останат во Алијанса, предводена од Таравари, а колку од нив ќе преминат во Вреди, но и колкумина од опозицискиот Европски фронт, предводен од ДУИ, ќе се приклучат кон владејачкиот табор

Оставката на министерот за здравство Арбен Таравари веќе е ковертирана и вчера требаше да биде на масата на Христијан Мицкоски. Таравари нема лично да ја достави оставката до премиерот, туку таа ќе биде доставена од кабинетот на Министерството за здравство, а потоа ќе биде препратена до Собранието. Таму веќе се лицитира колкумина од петте пратеници ќе останат во Алијанса за Албанците, предводена од Таравари, колку од нив ќе преминат во Вреди, но и колкумина од опозицискиот Европски фронт, предводен од ДУИ, ќе се приклучат кон владејачкиот табор.

Одлуката АА да оди во опозиција, Таравари ја аргументира дека Владата „се изгубила на патот кон ЕУ, дека административците Албанци се маргинализирани и дека по укинување на балансерот се уште не е донесен законот за правична застапеност.

– Ја напуштаме владата за да се вратиме посилни, особено во локалната самоуправа, а потоа и во централната власт. Сакаме да избегнеме да бидеме марионети кога сме на власт. Не можеме да го дозволиме ова, или ќе бидеме во право, или би сакале да не бидеме во Владата -рече  Таравари по состанокот на Централното пртетседателство.

Претседателот на Собранието Африм Гаши потврди дека сè уште не е пристигната оставката на Таравари.

– Оставка сè уште нема. Немаме никаква нова информација за пратенички групи. Сега-засега, нема ни нов координатор од Вреди – рече Гаши на средба со новинарите.

Вреди пак, денеска достави до Гашибарање за промена на координаторот на пратеничката група на Вреди. Раководството на Вреди пред половина месец одлучи пратеникот на Самоопределување, Беким Ќоку, да биде координатор на пратеничката група наместо Халил Снопче од Алијанса за Албанците. Заменици на Ќоку ќе бидат Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи. Од Алијанса, пак, уште нема барање за формирање пратеничка група. Неизвесно е дали АА ќе ги задржи петтемина пратеници, што е услов да имаат пратеничка група.

Во Собранието во полн ек е битка за пратеник повеќе меѓу АА, Вреди и Европскиот фронт откако Алијанса одлучи да оди во опозиција. Претходно Вреди броеше 14 пратеници, но по раздружувањето со АА, треба да останат со девет пратеници.
Министерот за социјална политика Фатмир Лимани изјави дека на Вреди ќе ѝ се приклучат четири пратеници од Европскиот фронт.

– Начелно, грешат ако мислат дека дел од пратениците на Алијанса за Албанците би преминале во редовите на Европски фронт, бидејќи дел од нив ќе останат со Владата. Најмалку четири пратеници од нивните редови ќе преминат во владејачкото мнозинство. Нема да зборувам за останатите, бидејќи мојата процена и мислење е дека пратениците на Алијанса се најдобри и најподготвени. Се надевам дека ќе се повикаат на разум и ќе останат со власта – рече Лимани.

Тој рече дека Европскиот фронт евентуално би можел да земе пратеници од Алијанса, но од друга страна, други пратеници би можеле да избегаат од Фронтот.
Вицепремиерот Изет Меџити рече дека сè уште не разговарале кого ќе предложат за нов министер за здравство, но потврди дека ресорот останува кај Вреди.

– Прво треба да ја констатираме оставката на Таравари. Сите позиции што ги има АА, ќе останат во рамките на Вреди. Ќе направиме анализа и ќе ги дадеме најдобрите и најподготвените за тие позиции. Тоа што самиот Таравари најави оставка, но не и другите функционери, покажува дека има донесено одлука што не кореспондира со членството и со структурите на партијата. Ова покажува дека мнозинството во рамките на АА, која првично беше антитеза на ДУИ, не се согласува со ставот на претседателот на партијата. Тој тргнал по погрешен пат и е очигледно дека секој ден има отстапувања. Има презентирање различни мислења од различни функционери, ова покажува дека претседателот не е во согласност со членството и со структурите на партијата – рече Меџити.

Тој не одговори дали вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој е од АА на Таравари, ќе ја напушти функцијата и за одговор нè упати до него. Меџити рече дека дополнително ќе известат дали Фетаи ќе биде разрешен ако самиот не си даде оставка.

– Ќе ве известиме деновиве, разговараме, преговараме – рече Меџити.

Прашан дали разговараат со пратеници од крилото на Таравари, тој истакна дека големото незадоволство во партијата е видливо.

– Не е до тоа дали разговараме, видливо е големо незадоволство кај членството на АА, членови на претседателство, на видни позиции, ограноци, форум на жени, повеќе тела во партијата, што уште еднаш потврдува дека ова е лична одлука од лични побуди и не кореспондира со волјата на членството, посебно на АА која од формирање е антипод на ДУИ – рече Меџити.

Според Меџити, Таравари во ниту еден момент не посочил за проблеми со етнички прашања.

– За етнички прашања овие месеци во првата линија бев јас, потпомогнат од Арбен Фетаи, за Законот за правична застапеност, за Законот за јазиците и другите етнички прашања, и точно е дека господинот Таравари во ниту еден момент не посочил никаков проблем – рече Меџити.

Advertisement

Македонија

25% од граѓаните не веруваат дека Македонија ќе влезе во ЕУ, 68% од младите планираат заминување од земјава, истражување на “Балкански барометар”

Речиси една четвртина од граѓаните во Северна Македонија сметаат дека земјата никогаш нема да стане членка на Европската унија, покажуваат резултатите од најновото истражување „Балкански барометар“, спроведено на регионално ниво.

Истражувањето открива дека евроскептицизмот расте, особено поради долгогодишниот и неизвесен процес на европска интеграција, политичките блокади и чувството на стагнација. Иако дел од испитаниците и понатаму ја поддржуваат европската перспектива, значаен процент изразуваат сомнеж дека членството ќе се оствари.

Особено загрижувачки се податоците за младата популација. Според анкетата, околу 68 отсто од младите во регионот сметаат дека нивната иднина е во странство, најчесто во земјите на Европската унија, каде гледаат подобри можности за вработување, повисок животен стандард и поголема сигурност.

Авторите на истражувањето наведуваат дека економските фактори, недовербата во институциите и ограничените перспективи за личен и професионален развој се меѓу главните причини за ваквите ставови. Воедно се истакнува дека продолжувањето на реформите и враќањето на довербата во европскиот процес се клучни за задржување на младите во земјите од регионот.

„Балканскиот барометар“ е редовно истражување што ги мери ставовите на граѓаните од Западен Балкан за клучни политички, економски и општествени прашања, а неговите резултати често се користат како индикатор за расположението во регионот.

Continue Reading

Македонија

Приведен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа во рамки на истрага за корупција

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа е приведен во рамки на истрага што ја водат надлежните институции, а која се однесува на сомневања за коруптивни дејствија, информираат извори блиски до истрагата.

Според досегашните информации, приведувањето е извршено по наредба на обвинителството, кое спроведува предистражна постапка за наводни злоупотреби поврзани со вршењето на јавната функција. Деталите за случајот засега не се целосно соопштени, со оглед на чувствителноста на истрагата.

Од надлежните институции потврдуваат дека се преземаат повеќе истражни дејствија, вклучително и прибирање документација и испитување на лица, со цел целосно расветлување на настаните. Стафа, како и сите лица опфатени со постапката, ужива претпоставка на невиност до правосилна судска одлука.

Се очекува обвинителството во наредните денови да излезе со официјални информации за предметот, откако ќе завршат првичните истражни активности.

Continue Reading

Македонија

Енергетска заедница: Македонија меѓу лидерите во енергетските реформи во 2025 година

Северна Македонија, заедно со Србија и Молдавија, е издвоена како една од земјите што го предводат реформскиот напредок во енергетскиот сектор во текот на 2025 година, покажува најновата оценка на Енергетската заедница.

Според извештајот, овие три држави постигнале значителен напредок во усогласувањето со европското енергетско законодавство, особено во делот на пазарните реформи, регулаторната рамка и зајакнувањето на институционалните капацитети. Напредокот е оценет како клучен за унапредување на регионалната енергетска безбедност и интеграцијата во заедничкиот европски енергетски пазар.

За Северна Македонија, Енергетската заедница посочува дека реформите во електроенергетскиот и гасниот сектор, како и активностите за подобрување на регулаторниот надзор, придонеле земјата да се позиционира како позитивен пример во регионот. Посебен акцент е ставен на напорите за зголемување на транспарентноста, конкуренцијата и сигурноста во снабдувањето со енергија.

Во извештајот се наведува дека реформскиот моментум кај овие земји е важен сигнал за останатите членки на Енергетската заедница, но и дека предизвиците остануваат, особено во делот на имплементацијата на донесените политики и инвестициите во енергетска инфраструктура.

Од Енергетската заедница порачуваат дека одржувањето на ваквото темпо на реформи ќе биде клучно за понатамошното приближување кон ЕУ и за обезбедување стабилен, одржлив и конкурентен енергетски систем во регионот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг