Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Победите за Трамп не прекинуваат: Американскиот претседател откри каков предлог добил од Индија

by Уредник
15.05.2025
in Uncategorized
Победите за Трамп не прекинуваат: Американскиот претседател откри каков предлог добил од Индија

Трамп: Индија понудила трговски пакт со нула царини за американски производи

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој во моментов се наоѓа во Доха, изјави дека Индија понудила на САД трговски пакт кој би вклучувал “практично нула царини” за голем број американски производи.

Преговарачите од Индија изразиле подготвеност за понатамошно намалување на царините за американските производи, вклучувајќи и укинување на даноците за некои земјоделски производи. Целта е да се зголеми трговијата меѓу САД и Индија на 500 милијарди долари до 2030 година. Оваа цел беше договорена за време на средбата помеѓу индискиот премиер Нарендра Моди и претседателот Трамп во февруари, јавува Бизнис Стандард.

Меѓутоа, индиската влада нагласи дека не е официјално обврзана на намалување на царините и дека разговорите сѐ уште се во тек.

Паралелно со овие преговори, Европската Унија и САД постигнаа договор за интензивирање на разговорите за можен трговски договор меѓу двете страни.

Трамп одржа говор на состанокот со деловни лидери во Доха, меѓу кои беа и челниците на големите компании „Боинг“ и „Џе Аероспејс“, еден ден по обелоденувањето на серија деловни зделки, вклучувајќи ја и нарачката од Катар за 160 комерцијални авиони „Боинг“.

Како што е соопштено, Трамп денеска ќе отпатува за Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати, каде ќе ја заврши својата последна фаза на патувањето низ Блискиот Исток, кое ќе заврши утре.

Next Post
Во израелски напади на југот на Газа загинаа 54 лица, помеѓу нив и новинар

Во израелски напади на југот на Газа загинаа 54 лица, помеѓу нив и новинар

Шпион, дипломат и автор на бизарна книга: Кој е човекот кој Путин го испрати на преговори во Истанбул?

Шпион, дипломат и автор на бизарна книга: Кој е човекот кој Путин го испрати на преговори во Истанбул?

Препорачани Вести

По синоќешниот напад врз Украина – Зеленски се обрати до партенрите!

8 months ago

Божиновска: Контролата на броилата е предуслов за доверба во енергетскиот систем

2 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.