Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Подгответе се за ладно време, многу дожд и снег: Еве какво време ја очекува Македонија во наредниот период

by Уредник
15.05.2025
in Uncategorized
Подгответе се за ладно време, многу дожд и снег: Еве какво време ја очекува Македонија во наредниот период

Територијата на нашата Македонија денес (четврток 15 мај) од попладневните и вечерните часови, како и утре, петок (16 мај) ќе биде под влијание на голем влажен бран од Медитеранот кој насекаде ќе услови да имаме обилни врнежи од дожд (локално над 30 литри на метар квадратен дожд). Во исто време од север и од североисток кон Македонија ќе се спушта многу поладен воздух кој значително ќе ги спушти температурите на воздухот, и тие, особено утре, петок (16 мај) ќе бидат далеку под просекот за средината на месец мај.

Поради падот на температурите на воздухот, на планините над 1400/1500метри надморска височина ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка (локално повисока од 10 cм снег). Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец, особено утре, петок (16 мај) и истиот ќе биде најизразен Долж Повардарието.

За време на овој голем влажен и ладен бран, и во Скопје и околината ќе има пообилни врнежи од дожд, повремено со засилен ветер (денес од југоисточен, а утре, петок од северен правец).

Што се однесува до температурите, тие најниски преку ден ќе бидат утре, петок (16 мај) и тие на повеќе места ќе изнесуваат до околу, па дури и под 10 степени, а само во Повардарието тие ќе се искачат до околу 15 степени. На планинските места температурите ќе се спуштаат близу нулата, а на поголемите надморски височини тие ќе се спуштаат дури и под нулата.

Во Скопје и околината утре, петок (16 мај) максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 15 степени.

Next Post
Русите пристигнаа на преговорите во Турција, украинската делегација задоцни

Русите пристигнаа на преговорите во Турција, украинската делегација задоцни

Дали Зеленски целосно ја разоткри играта на Путин? Еве што планирал рускиот претседател

Дали Зеленски целосно ја разоткри играта на Путин? Еве што планирал рускиот претседател

Препорачани Вести

Швајцарски милионер казнет со 95.500 евра за пречекорена брзина

5 months ago

Меџити: Нема толеранција за загадувачите, казнета рудникот „Тораница“ во Крива Паланка

10 months ago

Популарни Вести

  • fondacija frosina kulakova

    Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.