Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Претседателот на Европскиот совет денеска во Скопје, ќе се сретне со Мицкоски и со Сиљановска-Давкова

by Уредник
15.05.2025
in Uncategorized

Во пресрет на средбата со Кошта, премиерот Христијан Мицкоски вчера рече дека на претседателот на Европскиот совет ќе му ги пренесе ставовите за уставните измени, кои остануваат непроменети

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска ќе престојува во Скопје во рамките на својата работна турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Според агендата, Кошта ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски во 10:30 часот во Владата, а во 11:15 е предвидена заедничка прес-конференција во владиниот прес-центар. Освен со премиерот, претседателот на Европскиот совет ќе се сретне и со претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.

Во пресрет на средбата со Кошта, премиерот Мицкоски вчера рече дека на претседателот на Европскиот совет ќе му ги пренесе ставовите за уставните измени, кои остануваат непроменети.

„Нашите ставови се јасни во врска со уставните измени, тука нема промена, затоа што од другата страна ние не гледаме, барем во овој момент, некаков сигнал дека има промена во однесувањето, односно од страната на нашиот источен сосед. Јас жалам што е тоа така и се надевам дека во периодот којшто следи повеќе ќе зборуваме за решенија отколку за проблеми“,рече вчера Мицкоски.

Пред почетокот на турнејата, Кошта порача дека доаѓа за да разговара со лидерите од Западен Балкан и за да им покаже дека ЕУ е подготвена да им помогне во однос на предизвиците со кои се соочуваат.

Next Post

Домашната градежна оператива со намалена договорена и извршена работа во странство

Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

Препорачани Вести

Крвави пресметки меѓу наркоклановите во Црна Гора

4 months ago

Премиерот Мицкоски и високи функционери во увид на новиот логистички центар на Лидл

4 months ago

Популарни Вести

  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничните премини и понатаму под блокада: Решението од ЕК се очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити во „Click Plus“: Редот во сообраќајот значи спасени животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.