Connect with us

Македонија

Собранието воведува ВИ-асистент што ќе одговара на прашањата на граѓаните

Граѓаните онлајн ќе може и да закажуваат средби со пратеници во пратеничките канцеларии низ државата

Собранието ќе воведе две нови дигитални алатки – prashaj.sobranie.mk и kancelarii.sobranie.mk. Првата алатка има за цел да ја направи работата на Собранието попристапна, потранспарентна и поблиска до граѓаните. Таа има автоматска транскрипција, асистент со вештачка интелигенција (ВИ) што разбира и комуницира на македонски јазик, а за два месеци ќе комуницира и на другите јазици, и значително го намалува времето да се стигне до одредена информација за седниците на Собранието. Втората алатка е за електронско закажување средба со пратеник во пратеничките канцеларии низ целата држава.

Како што информира претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешната средба со новинарите, првата алатка е победник на настанот Хакатон, организиран лани од Собранието во периодот од 30 октомври до 1 ноември во соработка со НБИ и Швајцарската амбасада.

Изработувачот на оваа платформа Давид Петковски од „Брејнстер некст колеџ“ рече дека инспирација да ја направат алатката им било тоа што помладата популација не ги следи преносите на седниците на Собранието поради нивното времетраење со часови.

„Ако некој сака да дознае некоја информација, треба да следи видео од два или три часа, што не е реално за очекување дека тоа ќе го направи некој граѓанин. Информациите треба да бидат достапни, но тие беа скриени во долг формат којшто бара многу време и многу трпение. Нашето решение го решава тоа на брз и ефикасен начин со тоа што корисникот го зема јутјуб-линкот од преносот на седницата на Собрание и го дава на нашата алатка, при што тоа се обработува за на крајот на корисникот да му се сервира интелигентен ВИ-асистент, кого ќе може да го прашува за било што поврзано со седницата како прашања дали некој закон бил изгласан на седницата, дали се разговарало за одредена тема, што кажал некој пратеник“,појасни Петковски.

Тој нагласи дека со оваа алатка Собранието ќе добие нов начин да комуницира со јавноста, кој е отворен, модерен и приспособен за денешните потреби.

Advertisement

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг