Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Зеленски слета во Анкара: Руските преговарачи се чини дека се статисти

by Уредник
15.05.2025
in Uncategorized

Претседателот на Украина Володимир Зеленски пристигна во турската престолнина Анкара на разговори со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Украинскиот претседател слезе од авионот, каде што на пистата го пречекаа припадници на турската војска.


Се очекува билатералната средба меѓу Зеленски и Ердоган да се одржи во рок од еден час.

Откако излезе од авионот, украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа краток говор на пистата на аеродромот „Есенбога“ во Анкара, Турција.

Тој додаде дека Украина е во контакт со американската делегација во врска со преговорите со Русија.

Зборувајќи за руската делегација во Истанбул, Зеленски рече:

„Официјално, не знам на кое ниво се претставниците. Но, од она што го видовме, тие изгледаат како статисти.“

Зеленски додаде дека Украина ќе одлучи за следните чекори по неговата средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Русија: Турција ги одложи преговорите за попладне
Предожените разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за денеска попладне на иницијатива на турската страна, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Рускиот претседател Владимир Путин предложи директни разговори со Украина во Истанбул во недела.

Путин во средата изјави дека испраќа делегација во која тој нема д абиде вклучен.

Зеленски претходно оваа недела изјави дека е подготвен да разговара со Путин само ако е доволно храбар.

Кремљ одговори дека Русија не се согласува со ултиматуми. Двете страни последен пат одржаа директни разговори во март 2022 година, исто така во Истанбул, само неколку недели откако Путин нареди инвазија на Украина.

Двете страни се обидуваат да му докажат на американскиот претседател Доналд Трамп дека се сериозни во врска со мировните напори.

Американскиот претседател моментално е на турнеја низ Блискиот Исток, а изјави дека ќе дојде во Турција еден ден подоцна доколку тоа биде соодветно.

Потврденото отсуство на Путин ги намали очекувањата за разговорите. Зеленски сака веднаш 30-дневен прекин на огнот, додека Путин сака прво да започне разговори, а потоа да ги разработи деталите за прекинот на огнот.

Next Post
Видео: По повод јубилејот 25.години СОС Детско село најголемите македонски ѕвезди ја снимија песната „Насмевка“

Видео: По повод јубилејот 25.години СОС Детско село најголемите македонски ѕвезди ја снимија песната „Насмевка“

Трамп: Решено е непријателството помеѓу Индија и Пакистан

Трамп: Решено е непријателството помеѓу Индија и Пакистан

Препорачани Вести

Прогласена кризна состојба од 30 дена поради пожарите во Македонија

До 12 часот на територија на Република Македонија регистрирани вкупно 16 пожари – 8 се уште активни

6 months ago
ФФМ: Сочувство и молитва за утеха на семејствата на загинатите во големата трагедија

ФФМ: Сочувство и молитва за утеха на семејствата на загинатите во големата трагедија

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.