Connect with us

Магазин

Најстарата жена на светот ја откри тајната за долговечност: “Држете се до само едно едноставно правило”

Тајната на долг живот на најстарата жива жена на светот: “Само избегнувајте расправии”

Етел Кетерхам, најстарата жива жена на светот со 115 години, открила едноставна, но длабока тајна за својот долг живот. Родена на 21 август 1909 година во Англија, Етел преживеала два светски војни, многу историски промени и сите предизвици што животот ги поставил пред неа.

Таа е најстарата жива личност на светот, откако неодамна ја надмина Бразилката, чесната сестра Инах Канабаро, која почина во 116. година. Според податоците на Геронтолошката истражувачка група, Етел сега е најстарата жива жена.

Тајната на нејзиниот долг живот

Со одржување на едноставна филозофија на животот, Етел успеала да го достигне ова возрасно ниво. Како што самата вели, тајната на долг живот лежи во избегнувањето на расправии. „Никогаш не се расправам со луѓето, слушам и правам што сакам“, изјавила Етел од својот дом за старци во Сари, југозападно од Лондон.

Оваа филозофија, која се заснова на трпеливост и избегнување конфликти, се покажа како клуч за нејзиниот долг живот. Мирниот живот без стрес и расправии бил во сржта на нејзината долговечност.

Патувања и животни искуства

Етел израснала како второ најмало од осум браќа и сестри. Патувањата биле дел од нејзиниот живот уште од младоста. Така, во 1927 година, кога имала 18 години, заминала во Индија каде работела како дадилка за британска фамилија. По три години се вратила во Англија.

Во 1931 година ја сретнала љубовта на својот живот, Норман, британски воен офицер, и заедно служеле во Хонг Конг и Гибралтар. Заедно имале две ќерки кои ги одгледувале во Велика Британија. Норман починал во 1976 година, но Етел продолжила да ужива во животот, како што вели самата.

Љубов кон животот и мирен живот

Денес, Етел живее во својот дом за старци „Hallmark Lakeview Luxury Care Home“ во Камберли, и неодамна прославила уште еден неверојатен јубилеј. На социјалните мрежи беа објавени фотографии од нејзиниот 115. роденден.

Иако стана симбол на мудрост и сила, Етел и денес верува дека мирот и избегнувањето расправии се клуч за долговечност. Нејзиниот животен пристап и денес служи како инспирација за сите кои сакаат да живеат долг и среќен живот.

Advertisement

Магазин

Transmission – Музичка вечер со Васил Хаџиманов и Александар Петров

Transmission е музички концепт во кој тапанот ги спојува традицијата и денешницата, акустичната и електронската музика.

20 години од музичката симбиоза и пријателство (по Кавадаречка линија), Александар Петров заедно со Васил Хадџиманов преку проектот Transmission ги сплотуваат традиционалното и модерното преку звукот на тапанот и електронската музика.

Составен од два дела, првиот посветен на нивните херои од детството Никола Бадев, Кирил Манчевски и Зафир Хадџиманов во придружба на единствената Тања Царовска, додека вториот ќе раскаже еден понов период на творење осврнат кон електронската музика, која некои љубители, познавачи и издавачи ја означуваат како ORGANIC – PROGRESSIVE – HOUSE.

Музика во живо со: ХАЏИМАНОВ – ЦАРОВСКА – ПЕТРОВ – ВАСИЉЕВИЧ – ШАРЕВСКИ

Почеток во 20 часот, во Станица 26 na 24 Dekmvri

Картите по цена од 1000 денари се продаваат во THREE BAR & KITCHEN, Soma и Чашка

Continue Reading

Магазин

Светот на диетите се менува: Пристигнува првата таблета за слабеење

vaga

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот лек за слабеење во облик на таблета, означувајќи значајна пресвртница во третманот на прекумерната телесна тежина. Информацијата ја објави данската фармацевтска компанија Novo Nordisk, производителот на лекот.

Новата таблета се зема еднаш дневно, а според компанијата, дава ист ефект како досегашната неделна инјекција. За разлика од други лекови за слабеење кои првично биле создадени за пациенти со дијабетес тип 2, овој лек е од почеток развиен исклучиво за губење на тежината.

Клиничките испитувања со приближно 1.300 учесници покажале импресивни резултати: во просек, корисниците изгубиле 16,6% од телесната тежина, додека околу една третина од нив успеале да намалат дури 20% или повеќе. „Пациентите ќе добијат практична таблета што се зема еднаш дневно и може да помогне да се изгуби исто толку тежина како и со оригиналната инјекција“, изјави извршниот директор на компанијата.

Очекувањата се дека таблетата ќе се појави на американскиот пазар почетокот на јануари 2026 година. Одобрувањето веднаш предизвика позитивен шок на берзата – акциите на Novo Nordisk пораснаа речиси 10% по затворањето на тргувањето во Њујорк.

Во Европа, лекот сè уште е достапен само како неделна инјекција и тоа со лекарски рецепт во одредени земји. Таблетата за европскиот пазар сè уште не е одобрена, а регулаторната одлука се очекува најрано во втората половина на 2026 година.

Continue Reading

Магазин

Мега забавен парк од 1,1 милијарда долари „Дракула Ленд“ се отвора во Романија

drakula park

Романија ја трансформира својата најпозната легенда во глобална туристичка атракција. Во близина на Букурешт е потврден изградбата на „Дракула Ленд“, мега-забавен комплекс вреден 1,1 милијарда долари, кој ќе биде целосно финансиран од приватни инвеститори.

На површина од 192 акри, новиот мега-парк ќе понуди над 40 атракции распоредени во шест тематски зони, инспирирани од легендата за Дракула и богатиот романски фолклор. Но „Дракула Ленд“ нема да биде само забавен парк – проектот предвидува луксузни хотели, арени за е-спорт, огромни концертни и шоу-простори, како и содржини за дневни и ноќни активности, привлекувајќи туристи од целиот свет.

Со оваа амбициозна инвестиција, Романија се стреми да создаде целосна туристичка дестинација што ќе се натпреварува со најпознатите европски тематски паркови. Изградбата е закажана да започне во септември 2026 година, а отворањето се планира веќе во 2027 година, доколку се следи планираниот ритам.

Со овој проект, Романија не само што сака да го оживее својот најпознат мит, туку и да се позиционира како една од водечките забавни и туристички дестинации во Европа, привлекувајќи милиони посетители секоја година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг