Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Вицепремиерот Арбен Фетаи на средба со Курти, ексминистерот Азир Алиу останува во ВЛЕН

by Уредник
17.05.2025
in Uncategorized

„Сметам дека излегувањето (н.з. од Владата) во овој момент, без јасен план, дава можност за индиректно рехабилитирање и ‘лечење’ на старите структури од ДУИ и нивните несмасни наративи, а тоа е чекор што јас не го делам, бидејќи верувам дека секој еден млад Албанец, интелектуалец, заслужува поразлична политичка опција“, напиша на Фејсбук поранешниот министер од редовите на Алијанса за Албанците, Азир Алиу

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација од редовите на Алијанса за Албанците, Азир Алиу, денеска на Фејсбук објави дека останува во коалицијата ВЛЕН.

Алиу напиша оти смета дека Владата почнала пресметка со корупцијата и криминалот и го подигнала гласот против заробената држава на, како што вели, веќе познатите и корумпирани структури во ДУИ.

Верувам дека определбата за промени во општеството не се напушта при првата пречка, туку се гради со уште повеќе работа. Со голема почит кон претседателот на партијата и неговото право на политичка проценка, се чувствувам должен јавно да кажам дека ќе продолжам да бидам дел од процесот што го започнавме заедно во ВЛЕН и во оваа Влада! … Сметам дека излегувањето во овој момент, без јасен план, дава можност за индиректно рехабилитирање и ‘лечење’ на старите структури од ДУИ и нивните несмасни наративи, а тоа е чекор што јас не го делам, бидејќи верувам дека секој еден млад Албанец, интелектуалец, заслужува поразлична политичка опција“,напиша Алиу.

Вицепремиерот за добро владеење, пак, Арбен Фетаи, кој исто така доаѓа од Алијанса за Албанците, на Фејсбук објави фотографии од средба што денеска ја имал со косовскиот премиер Албин Курти пишувајќи дека идеалот за напредок и развој не познава граници.

На една од фотографиите се гледа и ексминистерот Азир Алиу.

„Утринава, заедно со неколку пријатели по идеал од Алијансата за Албанците, тргнавме кон Приштина, поминувајќи по автопатот ‘Арбен Џафери’, пат кој за нас не е само инфраструктура, туку симбол на нашата духовна и национална поврзаност. Таму во Приштина имавме братски разговор со нашиот пријател, Албин Курти. Она што денеска нè обединува, повеќе од кога било, е нашата заедничка визија и идеал за напредок и развој, идеал кој не познава граници, ниту пречки“,напиша Фетаи.

Инаку, пред два дена Арбен Таравари ја напушти Владата поднесувајќи си оставка од позицијата министер за здравство. Денеска во интервју за албанската телевизија МЦН тој појасни дека неговата Алијанса за Албанците ја напушти Владата и коалицијата ВЛЕН бидејќи не сакале да бидат само декор во власта.

Ние како Алијанса за Албанците не сме навикнати во Владата да бидеме само декорација. Затоа решивме да одиме во опозиција и да се вратиме кај граѓаните, да разговараме со нив, за да се подготвиме за локалните избори што треба да се одржат во октомври годинава. На пет месеци сме пред локалните избори и мислам дека партијата треба да се мобилизира бидејќи за нас е многу важно да извојуваме победа“,изјави Таравари.

Првиот вицепремиер, пак, Изет Меџити кој е еден од лидерите во коалицијата ВЛЕН, изјави дека Владата има стабилно мнозинство и по заминувањето на Арбен Таравари и дека во тек се преговори со пратеници од „Европскиот фронт“, кои се во опозиција, за нивно приклучување кон владејачкото мнозинство.

извор: 360stepeni.mk

Next Post

Трамп вели дека Зеленски нема адути, ѝ се закани на Русија со „разорни“ санкции

Украина нарачувала оружје од сомнителни фирми, изгубила стотици милиони долари

Препорачани Вести

ФОТО: Тешка сообраќајка на експресниот пат Штип – Кочани, возилото е во пламен

Нова трагедија ја потресе Македонија: Во тешка сообраќајна несреќа загинаа две лица

11 months ago
Во Пјаченца формирана првата национална Унија на македонските здруженија во Италија

Во Пјаченца формирана првата национална Унија на македонските здруженија во Италија

2 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.