Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ЕКСКЛУЗИВНО: Салим Сулејмани поднесе оставка од пратеничката функција и од сите партиски функции во Алијанса на Таравари

by Уредник
18.05.2025
in Uncategorized

Пратеникот Салим Сулејмани со писмено соопштение ја извести јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во Алијансата за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

„Со полна морална, професионална и политичка одговорност, ве информирам дека поднесувам оставка од сите партиски функции во рамки на Алијансата за Албанците, како и од позицијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија“, наведува Сулејмани.

Тој објаснува дека неговиот политички ангажман произлегол од чувство на одговорност и желба за вистинска промена, а не од лична амбиција, нагласувајќи дека учеството во коалицијата ВЛЕН било мотивирано од потребата за соочување со, како што наведува, неуспесите на ДУИ и нивната злоупотреба на власта.

„ДУИ, партија која две децении е дел од власта, наместо да биде достоен претставник на Албанците, се претвори во структура поврзана со лични и клановски интереси. Коалицијата ВЛЕН ја гледав како антипод на таа коруптивна матрица“, вели Сулејмани.

Сепак, според него, во последниот период дошло до сериозно отстапување од првичните принципи, особено по приближувањето на АШ до ДУИ во пресрет на локалните избори.

„Ова политичко сојузништво е прекршување на нашите ветувања и недостојно претставување на Албанците. Не можам да бидам дел од алијанса што прави компромиси со луѓе кои се спомнати на меѓународни црни листи поради сериозни афери“, нагласува тој.

Сулејмани истакнува дека неговата кауза не завршува тука, туку ќе продолжи уште посилно, но во други форми на ангажман, со цел, како што наведува, да служи на граѓаните уште поефикасно.

„Ветувам дека многу скоро ќе ги почувствувате резултатите и ќе ги видите трагите од мојот ангажман во иднина. Побарам само трпение и разбирање, додека вистината не излезе целосно на површина“, стои на крајот од соопштението на Салим Сулејмани.

Next Post
Момче од ресенско возело со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка

Момче од ресенско возело со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка

Тест од 30 секунди кој открива дали сте во животна опасност

Тест од 30 секунди кој открива дали сте во животна опасност

Препорачани Вести

Латифи: Секој состанок на било кого од ВЛЕН со ДУИ е флагрантно кршење на народната волја

9 months ago

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 17.03.2025

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.