Connect with us

Балкан

ЕВРОСКЕПТИКОТ СИМИОН Е ФАВОРИТ НА ДЕНЕШНИТЕ ИЗБОРИ ВО РОМАНИЈА Вети дека ако победи ќе го кандидира Георгеску за претседател

Симион се спротивставува на испраќањето воена помош на Украина, е критичен кон лидерството на ЕУ и го поддржува американскиот претседател Доналд Трамп. Доколку биде избран, Симеон посочи дека негов избор за премиер би можел да биде Калин Георгеску, кој се залага за национализација и преференцијален третман на компаниите во романска сопственост.

Во Романија, утрово, во 7 часот, се отворија гласачките места за вториот круг од повторените претседателски избори, каде што за претседател би можел да биде избран кандидатот на крајната десница, евроскептикот Ѓорѓе Симион.

Симион (38) води во повеќето анкети на јавното мислење пред вториот круг против центристичкиот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, јавуваат британските медиуми.

Гласачките места ќе бидат отворени до 21 часот вечерва.

Романците со право на глас, или вкупно 19 милиони, можат да гласаат на кое било од 18.979-те избирачки места низ целата земја.

Во првиот круг од претседателските избори на 4 мај, Симион освои 40,94 проценти од гласовите, Никушор Дан 20,99 проценти од гласовите, додека кандидатот на владејачката коалиција, Крин Антонеску, освои 20,07 проценти од гласовите.

Симион се спротивставува на испраќањето воена помош на Украина, е критичен кон лидерството на ЕУ и го поддржува американскиот претседател Доналд Трамп. Неговата победа во Романија,земја членка на ЕУ и НАТО, би ризикувала нејзино изолирање во странство, нарушување на приватните инвестиции и дестабилизација на источното крило на НАТО, сметаат политичките аналитичари, пренесуваат британските медиуми.

Алијансата за обединување на Романците на Симион се разви од маргинална група против вакцинацијата за време на пандемијата на ковид-19, во втора по големина партија во Романија. Како пратеник, Симион има историја на физичко и вербално насилство додека се судираше со други политичари, потсетуваат британските медиуми.

Тој рече дека се кае за своето однесување и дека „израснал во државник“.

Симион во минатото припаѓал на организирани фудбалски навивачки групи, често познати по насилството, и со години водел кампања за обединување со соседна Молдавија пред да влезе во политиката.

Доколку биде избран, Симеон посочи дека негов избор за премиер би можел да биде Калин Георгеску, кој се залага за национализација и преференцијален третман на компаниите во романска сопственост.

За време на телевизиска дебата минатата недела, Симион рече дека на Романија треба да ѝ биде надоместена помошта што ѝ ја обезбедила на соседна Украина. Тој посочи дека ќе стави вето на воената помош од Брисел за Украина, нагласувајќи дека Европа треба да се потпре на НАТО за својата одбрана.

Второпласираниот Никушор Дан, 55-годишниот градоначалник на Букурешт, го опиша вториот круг како борба помеѓу „прозападната и антизападната насока за Романија“.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека разликата меѓу нив се намалува. Овој прогресивно-либерален, независен политичар се прослави како активист против мафијата за недвижности во Букурешт и беше ко-основач на зелено-либералната протестна партија „Сојуз за спасување на Романија“ (USR).

Дан има докторат по математика и се смета за чесен, некорумпиран, но не премногу успешен на својата позиција како градоначалник на Букурешт, бидејќи сам се бори против моќниот апарат, пренесуваат британските медиуми.

Ден живее со својата долгогодишна партнерка, со која има две деца, и се залага за безусловна поддршка на Украина. Тој важи за разумен, рационален политичар, кој аналитички пристапува кон проблемите и се стреми кон долгорочни решенија. Исто така, тој важи и за политичар близок до народот – на пример, тој го отвори главниот влез на градската администрација на Букурешт, што со децении се користеше само за одредени церемонии, за граѓаните.

Романија одржа повторени избори откако првиот круг од претседателските избори во ноември, на кој победи Калин Ѓорѓеску, беше поништен поради наводно руско вмешување во корист на Ѓорѓеску.

Москва ги отфрли овие обвинувања.

Претседателот на Романија има значајни овластувања, бидејќи е задолжен за одбранбениот совет кој одлучува за распоредување на воена помош, спроведува надворешна политика и има можност да стави вето на одлуките на ЕУ кои бараат едногласност меѓу земјите-членки, посетуваат британските медиуми.

Advertisement

Балкан

Бугарија ја поддржа позицијата на Италија, Белгија и Малта за замрзнатите руски средства

Бугарија, заедно со Италија, Белгија и Малта, изрази резерва во врска со предлогот на Европската Унија да се користат замрзнатите руски средства како основа за финансиска поддршка на Украина, соопштија владите во заедничка декларација.

Четирите земји се согласуваат за трајно замрзнување на руските суверени средства во ЕУ, но предупредуваат дека предложениот механизам бара внимателна правна и институционална проценка. Особено се истакнува примената на член 122 од Договорот за ЕУ, кој овозможува гласање со квалификувано мнозинство, што може да има далекусежни правни и финансиски последици во областите на надворешните работи и безбедноста.

Белгија посочи ризици за финансиските институции, вклучително и „Еуроклеар“, кој поседува значителен дел од замрзнатите средства, предупредувајќи дека земјата може да биде изложена на евентуални правни побарувања од Русија.

Претставниците на ЕУ ќе продолжат со дискусии за предложените измени, пред состанокот на Европскиот совет, со цел да се разгледаат алтернативни начини за поддршка на Украина, кои би го намалиле правниот и финансискиот ризик за земјите-членки. Одлуката на ЕУ за замрзнување на руските средства беше потврдена неодамна и има за цел да спречи земјите поблиски до Москва, како Унгарија и Словачка, да го блокираат користењето на овие средства.

Continue Reading

Балкан

Хрватскиот парламент изгласа центар за нуклеарен отпад во чувствително подрачје

Хрватскиот Сабор денеска го усвои Законот за изградба на Центар за отстранување на радиоактивен отпад на подрачјето Трговска Гора, на самата граница со Босна и Херцеговина. За законот гласаа 77 пратеници, 21 беше против, додека 36 пратеници останаа воздржани.

Со оваа одлука, Хрватска формално го отвори патот за реализација на проект што со години предизвикува остри реакции и загриженост во Босна и Херцеговина. Властите и експертите од БиХ континуирано предупредуваат дека локацијата претставува сериозна закана за здравјето на стотици илјади жители, како и за водата, почвата и животната средина во поширокиот регион.

И покрај апелите од Сараево и предупредувањата за висок ризик од контаминација, хрватските власти решија радиоактивниот отпад да се складира на подрачјето на општина Двор, во непосредна близина на границата со БиХ. Прашањето за Трговска Гора како потенцијална локација за нуклеарен отпад е присутно уште од 1990-тите години, но институциите на БиХ поинтензивно се вклучија во овој проблем во последните пет години.

Според плановите на Хрватска, центарот за складирање на нуклеарен отпад треба да биде ставен во функција до 2028 година. Локацијата се наоѓа на само неколку стотини метри од куќи, училишта, земјоделски површини и извори на вода за пиење, од кои зависат повеќе од 250.000 жители во сливот на реката Уна.

Експертите предупредуваат дека покрај директните здравствени ризици, постои сериозна опасност и за заштитеното подрачје на реката Уна, кое може трајно да биде загрозено. Дополнителна загриженост предизвикува фактот што Хрватска сè уште нема завршено целосна студија за влијанието врз животната средина, а Босна и Херцеговина не е вклучена во процесот на истражување.

И покрај тоа, работите на терен веќе се во тек. Од јуни годинава, на локацијата на поранешниот воен складишен комплекс Черкезовац се изведуваат активности за уривање на постојните објекти, подготовка на теренот и обработка на градежен и земјен материјал.

Continue Reading

Балкан

Дискусија во Корча: ОБСЕ ги поврзува македонското и другите малцинства во Албанија

vasil sterjovski

Под покровителство на ОБСЕ, во Корча се одржа значајна тркалезна маса, посветена на правата на малцинствата во Албанија. Во фокусот на дебатата беа горливите предизвици со кои се соочува македонската заедница, а нивните барања силно ги артикулираше Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

На средбата присуствуваше и амбасадорот на ОБСЕ во Албанија, Мишел Таран, со чија поддршка Стерјовски изрази длабока благодарност за посветеноста на Организацијата кон малцинските права.

Стерјовски остро ги потенцираше клучните прашања за кои е неопходна итна поддршка. Тој побара зајакнување на образованието на македонски јазик – клучен столб за зачувување на националниот идентитет, загарантирани квоти за малцинствата во албанското Собрание – за обезбедување соодветна политичка застапеност, поголема застапеност на Македонците во институциите на сите нивоа и поддршка за економски развој на регионите населени со Македонци, како начин да се запре иселувањето.

Во исклучително отворен тон, Стерјовски посебно се осврна на, како што нагласи, „актуелната политика на Бугарија за асимилација на Македонците во Албанија”.

„Ова е сериозен предизвик за нашиот идентитет и култура“, предупреди Стерјовски, додавајќи дека ваквите притисоци претставуваат директна закана за опстанокот на заедницата.

На крајот, претседателот на МАЕИ изрази огромна благодарност до амбасадорот Таран за неговата „безрезервна поддршка и охрабрувачките зборови”, кои, како што заклучи, им даваат нова сила и мотивација да продолжат со „борбата за зачувување на македонскиот јазик, идентитет и култура”.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг