Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ОТВОРЕН 26 ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА МОНОДРАМА – БИТОЛА ДОМАЌИН НА АКТЕРИ ОД 9 ДРЖАВИ

by Уредник
18.05.2025
in Uncategorized

Под слоганот „Еден збор-еден свет“, во Народниот театар, свечено беше отворено 26 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола.

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, кој во своето обраќање истакна дека овој културен настан низ годините израсна во препознатлив симбол на нашиот град Битола, на нашата држава, како и на меѓународно ниво.

„Монодрамата, како најинтимна и најлична форма на театарската уметност, претставува вистински предизвик за актерите, но и длабоко доживување за публиката. Таа ни овозможува да ѕирнеме во најскриените човечки емоции, мисли и борби, исклучиво преку силата на зборот и актерската изведба. И токму затоа, овој фестивал е посебен. Тој не само што го слави театарот, туку и храброста на индивидуата да застане сама пред светлата на сцената и да ја раскаже својата приказна.
Битола, со својата долга и богата театарска традиција, се покажа како совршено место за ваков фестивал, бидејќи Битола не е само град на конзули и на историја, Битола е град на отворени срца, на талентирани уметници, на публика што знае да препознае вредност. Овој фестивал, кој веќе над четврт век ја збогатува нашата културна сцена, е доказ за тоа.


Овој фестивал не само што ја збогатува културната понуда, туку и придонесува за интернационална соработка, размена на идеи, искуства и уметнички визии. Деновиве, нашата општина ќе биде вистински културен центар каде се среќаваат различни јазици, традиции и уметнички стилови на актерството, преку индивидуалните пристапи и визии на актерите и нивните тимови“, посочи Коњановски.

Пред присутните се обрати и директорот на Центарот за култута Битола, Влатко Илиевски, кој ги поздрави сите учесници, гости од земјата и странство и им упати благодарност што jа избраа Битола како место за овој значаен настан.
Фестивалот се отвори со танцовиот перформанс „Д -како Дездемона“на Рисима Рисимкин, претстава инспирирана од трагедијата на Вилијам Шекспир „Отело“.

Почнувајќи од вечерва, па се до 23 мај, битолчани ќе имаат можност да видат 10 претстави, со актери од 9 држави, а фестивалот ќе биде пропратен со настани од ОФФ програмата, кои нудат посебно задоволство за публиката.

Next Post

Мицкоски најавува „големи промени“ во ВМРО-ДПМНЕ и Владата

Изет Меџити: ВЛЕН е симбол на новата политичка вредност, од неа заминаа антивредностите

Препорачани Вести

Тетово: Физички напад во угостителски објект, едно лице повредено со тврд предмет

4 weeks ago

Германска потрошувачка организација поднесе тужби против нискобуџетни авиокомпании поради нелегални такси за рачен багаж

6 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.