АД Мепсо истакна соопштение за прекинот на електрична енергија кој ја парализира буквално скоро цела држава.
– Причина за овој прекин се високите напони на 400 киловолтната мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици.
– Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината.
Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата, соопшти АД МЕПСО
– Исто така информираат дека нивните екипи продолжуваат да работат на целосно нормализирање на стабилноста на електроенергетскиот систем.








![[ФОТО] Апокалиптични сцени после невремето во Србија – издадено предупредување за силно невреме](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-06-180036.png)
