Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

„Блумберг“: Москва е подготвена за долга војна со Украина

by Уредник
19.05.2025
in Uncategorized
„Блумберг“: Москва е подготвена за долга војна со Украина

Путин уверен во пробив на украинскиот фронт до крајот на 2025 година, Европа стравува од можен договор со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин е уверен дека до крајот на 2025 година руските вооружени сили ќе успеат целосно да ги преземат под контрола четирите клучни украински региони: самопрогласените народни републики Донецк (ДНР) и Луганск (ЛНР), како и областите Херсон и Запорожје, пренесува Блумберг, повикувајќи се на извор близок до врвот на руската влада.

Според изворите, Кремљ е подготвен на долготраен конфликт за да ги постигне своите стратешки цели. Притоа, Путин е оптимист не само за воениот развој, туку и за идните односи со САД. Рускиот претседател наводно смета дека има „силна позиција“ пред планираниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, закажан за денес.

Овие информации предизвикале загриженост кај европските лидери, кои стравуваат од можноста за изненаден билатерален договор меѓу Вашингтон и Москва – потенцијално на штета на Украина. Европските партнери, според Блумберг, активно се обидуваат да го одвратат Трамп од какви било еднострани одлуки кои би ѝ оделе во прилог на Русија.

Блумберг наведува дека Путин не планира да понуди сериозни отстапки во претстојниот разговор со Трамп, што дополнително ги засилува сомнежите во Западна Европа.

Во контекст на меѓународната дипломатија, медиумот пренесува дека украинскиот претседател Володимир Зеленски изгледал „депресивно и исцрпено“ при последниот телефонски разговор со Трамп, кој се одржа на 16 мај.

Анализите на Блумберг укажуваат дека повремената неодлучност на Европската унија и повиците за претпазливост всушност му овозможуваат на Кремљ дополнително време за реализација на воените цели. Москва, во оваа ситуација, успева да се прикаже како конструктивна страна – во контраст со, како што се наведува, поранешните американски сојузници.

Аналитичарите гледаат само една можност за промена на текот на настаните во полза на Западот: Путин да ги прецени своите капацитети, со што би го испровоцирал Трамп да воведе нови санкции и да преземе решителни мерки за да го запре „крвопролевањето во Украина“, како што самиот го опишува конфликтот.

Доколку тоа не се случи, се заклучува во извештајот, постои реална опасност од договор меѓу Путин и Трамп што би значел драматично ограничување на украинската територијална целовитост и можно паѓање на Киев под руска контрола.

Во заклучок, Блумберг посочува дека во рамките на Западот се води тивка, но силна борба помеѓу две влијателни струи – една поврзана со актуелната американска администрација, и друга, која има длабоки врски со европските политички и медиумски елити, пред сè во Брисел и Лондон. Тие разлики, според извештајот, се јасно забележливи уште од времето на неуспешните мировни преговори во Истанбул.

Next Post
Неколку причини зошто плачењето е добро за вашето здравје

Неколку причини зошто плачењето е добро за вашето здравје

Приведен возач во Тетово, управувал возило со 111 км/час на место каде е дозволено 50 км/час

Приведен возач во Тетово, управувал возило со 111 км/час на место каде е дозволено 50 км/час

Препорачани Вести

Апсење во Тетовско – Ова се причините

4 months ago

Хрватска ги заострува казните: 300 евра за возење со мобилен телефон

1 month ago

Популарни Вести

  • Седум лица повредени во тешка сообраќајка, меѓу нив и 6 годишно дете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФОТО: Мицкоски на Тетовското Кале по повод Св. Атанасиј

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се шири измама со „непреземени пакети“ од Тему во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија во Индонезија: Бројот на жртви од свлечиштето достигна 49

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.