Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз целата територија на Појасот Газа

by Уредник
19.05.2025
in Uncategorized
Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз целата територија на Појасот Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денес дека Израел ќе ја преземе целосната контрола врз територијата на Појасот Газа, во време на обновена и засилена воена офанзива врз палестинската енклава.

„Борбите се интензивни и напредуваме. Ќе ја преземеме контролата врз целата територија на Појасот Газа. Не отстапуваме. Но, за да успееме, мораме да делуваме така што никој нема да може да нѐ запре“, изјави Нетанјаху во видео порака објавена на неговиот официјален канал на Телеграм.

Премиерот истакна и дека Израел има обврска да спречи хуманитарна катастрофа во Газа, посочувајќи дека тоа е важно „од дипломатски причини“. Коментарот доаѓа по веста за ограничено обновување на хуманитарната помош за населението во Појасот Газа.

„Нашите пријатели ширум светот ни порачаа дека нема да можат да го поддржат продолжувањето на воената операција ако продолжат да се појавуваат слики на масовна глад и страдање“, додаде тој.

Изјавите на израелскиот премиер следуваат во услови на зголемени меѓународни критики поради влошувањето на хуманитарната состојба во Газа, каде што, според ОН, милиони луѓе се соочуваат со недостиг од основни средства за живот.

Next Post
Вандали ги искршија фотографите од петтемина штипјани загинати во пожарот во кочанското дискотеката

Вандали ги искршија фотографите од петтемина штипјани загинати во пожарот во кочанското дискотеката

86,5% од вкупната нето - потрошувачка на електрична енергија е од домашно производство

Препорачани Вести

НЕБО ВО БОЈА НА ПОРТОКАЛ Сахарска прашина ја покри Грција, најпогоден е островот Крит

8 months ago

ЕУ го одложи воведувањето на ETIAS до крајот на 2026 година

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.