Connect with us

Црна Хроника

Општински службеници и угостител под истрага: Несовесно работење и узурпација на државен имот

Одделението за внатрешни работи Крива Паланка, до Основното јавно обвинителство Крива Паланка, поднесе кривична пријава против М.К.(41), Н.Ц.(54) и С.М.(38), тројцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик. Н.Ц. – вработен во општина Крива Паланка на работно место самостоен референт за документациони работи и урбана опрема во Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина, на 19.12.2024, постапувајќи по барање за одобрение за поставување на урбана опрема поднесено од правно лице – угостителски објект, без да утврди дека не се исполнети условите, изготвил одобрение за поставување на урбана опрема пред деловен простор на улица „Јане Сандански“ во Крива Паланка за периодот од 09.12.2024 до 09.12.2025. М.К. – вработена во општина Крива Паланка како раководител на Сектор за урбанизам, сообраќај, заштита на животната средина и комунална инфраструктура и С.М. – градоначалник на Општина Крива Паланка, го потпишале така изготвеното одобрение и на тој начин му овозможиле на барателот да постави урбана опрема и да се стекне со противправна имотна корист.
Одделението за внатрешни работи Крива Паланка поднесе кривична пријава и против правното лице – угостителски објект и М.М.(36), сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик. М.М., во текот на 2024 година, како и во претходните години, поставил урбана опрема, маси, столови и други украси пред деловен простор на улица „Јане Сандански“ во Крива Паланка, со што заземал вкупно 108.70м² земјиште во државна сопственост, кој пак е прогласен за имот во општа употреба. М.М., исто така, беа одобрение на узурпираниот дел поставил и настрешница со површина од 82.00 м².

Advertisement

Црна Хроника

Апсење на граничниот премин Табановце – МВР со детали

59-годишен скопјанец доби кривична пријава поради фалсификување дипломатска исправа и лажно претставување на Граничниот премин Табановце.

Според полицијата, Регионалниот центар за гранични работи Север поднел кривична пријава против С.С. од Скопје, откако постојат основи за сомнение дека сторил кривични дела „фалсификување исправа“ и „лажно претставување“.

Инцидентот се случил на 25 јули 2025 година, кога мажот управувајќи „фолксваген голф“ се претставил како дипломат и приложил фалсификувана дипломатска патна исправа. Граничните службеници го документирале случајот, а по разгледувањето на доказите, С.С. се соочува со официјална кривична пријава и натамошни правни постапки.

Случајот ја потенцира сериозноста на законите за граничен надзор и ризикот од лажно претставување, особено со употреба на документи со висок легален и дипломатски статус.

Continue Reading

Црна Хроника

Тетовец измамен за 3.000 евра од жена што се претставила како Бугарка

Еден 67-годишен маж од тетовско село останал без 3.000 евра откако бил измамен преку социјалните мрежи од жена која се претставувала како државјанка на Бугарија.

Според пријавата во СВР Тетово, мажот подолг период комуницирал со жената онлајн. На 20 декември таа му рекла дека има намера да купи стан во Тетово, а неколку часа подоцна се јавила вознемирена, тврдејќи дека на граничен премин ѝ биле одземени 10.000 евра.

Скоро веднаш, мажот добил повик од лице што се претставило како командир на граничен премин и му соопштило дека парите ќе ѝ бидат вратени доколку плати „казна“ од 3.000 евра. Верувајќи дека ѝ помага, тој уплатил сума преку три различни агенции за брз трансфер. По уплатата, обидите да стапи во контакт со жената и со наводниот командир биле безуспешни, што го натерало да сфати дека станува збор за измама.

Полицијата соопшти дека презема мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите.

Continue Reading

Црна Хроника

Инцидент во Скопје: Косовски возач удрил во автобус и побегнал

На 22 декември 2025 година, на Граничниот премин Долно Блаце беше уапсен Л.С. (65) од Косово, поради учество во сообраќајна незгода во Скопје и напуштање на местото на настанот.

Инцидентот се случил околу 15:00 часот во скопската општина Центар, кога „фолксваген голф“ со косовски регистарски ознаки се судрил со автобус на ЈСП. По судирот, возачот го напуштил местото, по што полицијата веднаш го трагала и го лишила од слобода на граничниот премин околу 15:30 часот.

Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, а истрагата ќе утврди дали има повредени лица и каква е материјалната штета.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг