Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Синот на Трамп мета на критики поради реакцијата на дијагнозата на Бајден: “Ова е срамота”

by Уредник
19.05.2025
in Uncategorized
Синот на Трамп мета на критики поради реакцијата на дијагнозата на Бајден: “Ова е срамота”

Поранешниот американски претседател Џо Бајден (82) се соочува со агресивна форма на рак на простата, соопшти неговата канцеларија вчера, додавајќи дека и покрај сериозноста на болеста, таа може да се држи под контрола. Веста предизвика силни реакции во јавноста, главно исполнети со поддршка и желби за брзо закрепнување. Сепак, не изостанаа и критични прашања – како е можно агресивниот рак да не бил откриен додека Бајден ја извршуваше функцијата претседател?

Меѓу првите што го поставија тоа прашање беше и најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп – Доналд Трамп Помладиот. Неговата реакција на социјалните мрежи предизвика лавина критики.

Инаку, Доналд Трамп (американскиот претседател) излезе со воздржана и сочувствителна изјава:

„Меланија и јас сме натажени од веста за здравствената состојба на Џо Бајден. Им испраќаме најтопли желби на Џил и целото семејство и му посакуваме брзо и успешно закрепнување“, напиша тој на својата платформа Truth Social.

За разлика од својот татко, Трамп Помладиот излезе со контроверзен став на мрежата X, каде што праша:

„Сакам да знам – како доктор Џил Бајден пропушти рак во петта фаза со метастази? Или, можеби, станува збор за уште еден обид за прикривање?“

Овој коментар предизвика бурни реакции и остри критики. Многумина го обвинија за нечуствителност и политичка злоупотреба на една човечка трагедија.

„Човекот се бори со рак, а твојот изопачен одговор е да ја обвиниш неговата сопруга за прикривање? Тоа не е само изопачено – тоа е нечовечки“, стои во еден од коментарите.

Исто така, беше нагласено дека Џил Бајден не е доктор по медицина, туку има академски докторат по образование, и не може да биде одговорна за медицинската дијагностика на својот сопруг.

И покрај лавината критики, Трамп Помладиот подоцна објави нов пост на X во кој се согласува со објава што вели:
„Без оглед на политичките разлики – му посакуваме брзо закрепнување!“

Next Post
Вкупно 11 пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во странство

Вкупно 11 пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во странство

Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз целата територија на Појасот Газа

Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз целата територија на Појасот Газа

Препорачани Вести

Ќе се исплаќаат по 2500 евра на семејствата со пациенти како итна финансиска помош

10 months ago

Оваа работа никој не сака да ја работи, а потребна е само возачка дозвола: Годишно се заработуваат и повеќе од 50.000 евра.

4 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.