Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

4iG летово очекува лиценца за трет мобилен оператор – македонските граѓани од крајот на 2026 ќе можат да ги користат нивните услуги

by Уредник
20.05.2025
in Uncategorized

 Доколку ја добие лиценцата за фреквенција, македонските граѓани до крајот на 2026 година веќе ќе можат да ги користат услугите на потенцијалниот трет мобилен оператор 4iG, а зголемената конкуренција ќе донесе и пониски цени, соопштија од групацијата. 

Пал Заранди, директор за стратегии, мобилни и 5Г на 4iGизјави дека веќе неколку месеци работат на подготовки и на воспоставување почетни партнерства на пазарот.

„Кога ќе ја добиеме лиценцата, ќе преминеме на интензивни инвестиции и подготовки за комерцијално лансирање“, изјави Заранди.

Унгарската групација 4iG засега е лидер на пазарот во Албанија, а активно работи и во Црна Гора. Има приходи од 1,8 милијарди евра и над 10 милиони корисници. Главната предност на 4iG, вели Заранди, е тоа што не е само телекомуникациска, туку е и ИТ ориентирана компанија, па може да ги прошири услугите на македонскиот пазар.

„Ќе донесеме нова конкуренција што ќе го стимулира дигиталниот екосистем. Ќе воспоставиме напредна 5G мрежа со голем капацитет. Тоа ќе придонесе за поголема конкуренција на мобилниот пазар, но и во доменот на фиксниот интернет, бидејќи 5G веќе може да се користи и како алтернатива за домашен интернет. Наш фокус ќе биде мобилната телекомуникација, но имаме и други области во кои се надеваме дека ќе бидеме активни и ќе поттикнеме раст и иновација“, додава Заранди.

Компанијата „Оне Македонија Телекомуникации“, основана од унгарската групација 4iG веќе поднесе писмо со намери за влез на македонскиот пазар и очекува дека најдоцна до крајот на летото ќе ги добие потребните лиценци за фреквенција. 

Прелиминарната фаза во која компаниите доставуваа писма за покажување интерес за трет оператор на пазарот на мрежна мобилна телефонија во Македонија заврши пред неколку дена, а зависно од тоа дали има пријавени и други компании, ќе се знае и дали ќе биде распишан тендер со јавно наддавање.

Next Post

Малолетничка истепана од соученичка за време час во Карпош, била удирана со тврд предмет

Медведев: Човештвото е на работ на глобална катастрофа

Препорачани Вести

Ова е најдобриот лек за срцето – се спомнува дури и во Библијата

Ова е најдобриот лек за срцето – се спомнува дури и во Библијата

10 months ago

ФФМ: Истражување за јавна перцепција 2025 – висока доверба, стабилно раководство и јасна поддршка од јавноста

1 month ago

Популарни Вести

  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • TESS го документира патувањето на меѓуѕвездната комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијани зад воланот: Двајца возачи приведени по сообраќајни инциденти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алберта меѓу Отава и Вашингтон: Трамп и тајните разговори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.