Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Фетаи: Од 50 функционери, само тројца поднесоа оставки – Алијанса на Албанците сè уште е во Владата

by Уредник
20.05.2025
in Uncategorized
Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи во интервју за ТВ 21 рече дека со одлуката да остане во власта не му кажал „не“ на лидерот на АА, Арбен Таравари, туку на планот кој, како што рече, не е план на партијата

Не му кажав „не“ на Арбен Таравари, туку на планот кој не е план на Алијанса на Албанците – вели вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 коментирајќи го заминувањето на министерот за здравство Арбен Таравари од Владата. Фетаи, од друга страна, е дел од функционерите од редовите на Алијанса на Албанците кои одлучија да останат во власта.

Тој ја нарече „циркус“ седницата на Алијанса на Албанците предводена од Таравари на која присутните членови неодамна одлучија партијата да излезе од власта и да дејствува опозициски.

„Реков ’не‘ на одлуката што не е одлука, зашто не ја добила формата на одлука во партиските органи. Тоа не беше седница на претседателството, туку измислен формат во кој учествуваа членови на претседателството, функционери и претседатели на ограноци. Таков формат не постои никаде во статутот на партијата. Единствено надлежно тело за донесување вакви одлуки во АА е Собранието на партијата. Затоа решив да не легитимирам еден циркус“, рече вицепремиерот Фетаи во интервјуто за „Клик плус“.

Во интервјуто за ТВ 21, Фетаи вели дека АА сѐ уште е дел од Владата бидејќи, како што рече, од вкупно 50 државни функционери именувани на позиции од редовите на партијата, досега само тројца поднеле оставка.

„Учеството на АА во Владата го сочинуваат околу 50 државни функционери кои се именувани на одредени позиции – најмалку 50, можеби и повеќе. Од нив, според она што јас го знам, само тројца досега поднеле оставка. Тие тројца јавно излегоа, за другите не ми е познато дека некој се повлекол од Владата. Знам дека сите останати продолжуваат да одат на своите работни места“, додаде вицепремиерот.

Крилото на Алијанса на Албанците (АА) предводено од Арбен Таравари на 12 мај одлучи да оди во опозиција.

Next Post
Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите кон Русија

Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите кон Русија

Како Путин успеа да го надмудри Трамп? Една реченица била клучна за рускиот претседател

Како Путин успеа да го надмудри Трамп? Една реченица била клучна за рускиот претседател

Препорачани Вести

Мајката на Фросина Кулакова се обрати до јавноста, има само една молба

12 months ago

Италија ќе издаде 500.000 работни визи за странци надвор од ЕУ до 2028 година

7 months ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.