Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Француската Акуо Енерџи го зајакнува присуството на Балканот со нова инвестиција во ветерна енергија во Србија

by Уредник
20.05.2025
in Uncategorized

– Француската компанија за обновлива енергија Акуо Енерџи потпиша договор за откуп на електрична енергија (PPA) со Електропривреда на Србија (EPS), државната електроенергетска компанија, за ветерниот проект Бела Анта 2. Договорот се однесува на целиот инсталиран капацитет од 80 MW и вклучува преземање на обврска за балансирање. Проектот се развива преку Matrix Power, специјално основано правно лице во целосна сопственост на Акуо Енерџи. Бела Анта 2 е еден од проектите што добија поддршка во рамки на втората аукција за обновливи извори на енергија во Србија, спроведена на почетокот на 2025 година.

Акуо обезбеди договор за компензација на разлики во цена (Contract for Difference – CfD), кој што овозможува ценовна стабилност и сигурност за инвеститорите. Со ова, проектот се вбројува меѓу најголемите ветерни паркови досега договорени со EPS во рамки на новиот пазарно ориентиран модел за поддршка. Компанијата соопшти дека целата електрична енергија произведена од Бела Анта 2 ќе се испорачува на српскиот пазар, со што се зајакнува енергетската безбедност и се поддржува транзицијата кон почиста енергија.

„За нас е чест што можеме да ги поддржиме целите на Србија за обновлива енергија во партнерство со Електропривреда на Србија. Овој договор е доказ за силната институционална поддршка и нашата заедничка посветеност на забрзување на зелената транзиција во земјата“ – изјавија од Акуо Енерџи.

Акуо Енерџи е независен глобален производител на електрична енергија од обновливи извори – ветер, сонце и складирање, кој истовремено развива, инвестира и управува со енергетски проекти. Компанијата е присутна во целиот процес – од развој и финансирање, до изградба и управување со капацитетите. Со седиште во Париз и над 450 вработени, Акуо реализира проекти во повеќе од дваесет земји. До крајот на 2024 година, компанијата имаше 1,9 GW во функција или изградба и проектно портфолио од над 12 GW.

Со речиси две децении искуство, Акуо успешно има реализирано проекти во копнени ветерни паркови, фотоволтаици, хидроенергија, биомаса и батериски системи за складирање на енергија (BESS). Во Централна и Источна Европа управува со над 324 MW, со особено силно и стабилно присуство во регионот на Западен Балкан.

Акуо планира дополнително проширување на своето присуство во Србија. Еден од најнапредните следни проекти е ветерниот парк Башаид (85 MW) во близина на Кикинда, кој веќе има добиено сите потребни дозволи и е подготвен за изградба. Дополнително, компанијата истражува можности за нови соларни и хибридни проекти низ целата земја. Со потпишувањето на договорот за Бела Анта 2, Акуо ја зацврстува својата долгорочна посветеност на енергетската транзиција на Србија и на развојот на стабилен и одржлив енергетски систем во регионот.

Покрај активностите во Србија, Акуо Енерџи има амбициозни планови и во Македонија. Компанијата планира да инвестира до 270 милиони евра во изградба на соларен парк со капацитет од 350 до 400 MW во близина на Штип, преку локалната фирма Остро Солар. Станува збор за еден од најголемите проекти за обновлива енергија во земјата, кој што претставува значаен чекор во проширувањето на регионалното портфолио на Акуо. Со оваа инвестиција, компанијата ја зацврстува својата посветеност кон енергетската транзиција во регионот и придонесува за развој на одржлив енергетски сектор во државата.

Next Post
САД ја претставија новата нуклеарна бомба – 24 пати помоќна од онаа фрлена врз Хирошима

САД ја претставија новата нуклеарна бомба – 24 пати помоќна од онаа фрлена врз Хирошима

ЕУ ги укинува сите економски санкции кон Сирија

ЕУ ги укинува сите економски санкции кон Сирија

Препорачани Вести

Третиот најголем американски град е прогласен за воена зона, испратени се трупи, а сега повторно се заканува: „Тие двајца треба да бидат во затвор“

3 months ago

Тетово утре во мрак: Без струја неколку населби и индустриска зона!

9 months ago

Популарни Вести

  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувано лице кое ги загадуваше улиците на Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Солидарноста е мерка за успешна општина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.