Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Советниците од Левица го наклеветиле заменик градоначалникот на Битола Бојан Бојкоски, потврди битолска Апелација

by Уредник
20.05.2025
in Uncategorized

Советниците на Левица од битолскиот Совет, Горан Велевски и Гаврил Трајковски се осудени за клевета изречена против Бојан Бојкоски советник на ВМРО-ДПМНЕ и заменик градоначалник на Битола.

Апелацискиот суд во Битола ја потврди пресудата на Основниот суд од Битола со која двајцата советници на Левица имаат граѓанска одговорност за клевета спрема Бојковски за Фејсбук статус од 25 ноември 2022 година во кој објавиле текст со невистини факти за советникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Судот ја најде спорна Фејсбук објавата на Левица во која стои дека Бојкоски потпишувал сметки во кафеани во Битола на име на Општина Битола.

„Денови на раскош на Општина Битола. Четиригодишниот период во опозиција очигледно ги издигнал општинските функционери. Најчести гости во кафаните барем според нашите информации и потпишани сметки покрај локалните функционери биле заменик градоначалникот Бојан Бојкоски и секретарот на општината Борче Димитровски. Па така овие локални функционери потпишувале сметки од 500 евра, каде што се јаделе бифтеци, морска храна и се пиеле скапи пијалаци. Заменик градоначалникот бил особено великодушен, па покрај официјалните гости си канел и негови блиски пријатели на софрите. Во време на страшна економска криза каде што просечен граѓанин не може да си дозволи 150 денари дневно за храна, овие локални функционери трошеле по 6.000 денари дневно за софри.“

На вака пренесениот Фејсбук статус советникот на Левица Трајковски уште допишал – „За децата во градинките немаат, но за бифтеци имаат!.“   

Апелацискиот суд во пресудата пишува дека се задолжуваат тужените Горан Велевски и Гаврил Трајковски на истиот начин преку социјалната мрежа Фејсбук, со објава на профилот на „Левица Битола“ и на нивните лични профили да му се извинат на тужителот Бојан Бојкоски за споделената објава од ноември 2022 година во делот на текстот каде што е утврдена одговорност за клевета.    

Апелација наведува дека – Неспорно од изведените докази произлегува дека начинот како е објавен постот, со изборот и фондот на зборови и придавки насочени кон тужителот, тужените Горан и Гаврил ги поминале границите на правото на слобода на изразување и го наклеветиле тужениот, што според законот  е основ да се утврди одговорност за клевета. Всушност тужените советници на Левица не ја докажале вистинитоста на изнесеното тврдење.

„Првостепениот суд во конкретниот случај правилно ги применил критериумите за оправданото ограничување на слободата на изразување содржани во Европската конвенција за заштита на човековите права и во судската практика на Европскиот суд за човекови права“, стои во пресудата на Апелацискиот суд од Битола, досудена од судиите претседател на совет, Жаклина Доведен и членови на советот Дејан Крстанов и Ристо Сотиров.

Осудените советници од Левица се задолжуваат на Бојкоски да му ги надоместат судските трошоци. Апелацискиот суд не прифатил да му се исплати надомест за претрпена душевна болка на тужителот.

Бојкоски по пресудата на Фејсбук објави дека судот пресуди, советниците на Левица се виновни за клевета.

„Бев лажно наклеветен, а ја кажував само вистината. Зашто совеста ми беше сведок, а вистината штит! Вистината можеби доаѓа бавно, можеби оди тивко, но секогаш стигнува каде што треба. Левица треба да знаат: Се што е прикриено, ќе биде откриено и секоја тајна ќе биде јавно изнесена. Jac ќе продолжам по патот на вистината.“

Во исто време советниците од Левица споделија  дека – „Во 2022 година имавме објава околу угостителските расходи на општината со докази и податоци од  порталот ‘Отворени финансии’ кој има за цел да и овозможи на јавноста увид во податоците за реализација на трансакции на сите буџетски корисници на Буџетот на Република Македонија, со кои што располага Трезорот на Министерството за финансии. Бевме тужени за клевета од страна на ДПМНЕ и покрај сите докази и материјали кои ги презедовме од овој валиден портал за денес да пресудат во корист на виновниците.“

Next Post

Констатирана оставката на Таравари, но поголемиот дел од функционерите на Алијансата остануваат во власта

Израел даде дозвола за влез на уште 100 камиони со хуманитарна помош во Газа

Израел даде дозвола за влез на уште 100 камиони со хуманитарна помош во Газа

Препорачани Вести

Најновата изјава на Лавров ги урна сите надежи и планови на Зеленски

Најновата изјава на Лавров ги урна сите надежи и планови на Зеленски

5 months ago

Пијан возач со нож нападнал полицајци: бил запрен поради брзо возење

9 months ago

Популарни Вести

  • TESS го документира патувањето на меѓуѕвездната комета 3I/ATLAS

    TESS го документира патувањето на меѓуѕвездната комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијани зад воланот: Двајца возачи приведени по сообраќајни инциденти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алберта меѓу Отава и Вашингтон: Трамп и тајните разговори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пензионерка измамена за 2.600 евра со лажен повик од „доктор’“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.