Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Тетово добива нов парк

by Уредник
20.05.2025
in Uncategorized

Тетово, 19 мај – По децении на занемарување и прекумерно бетонирање, Тетово конечно ќе добие нов парк, кој се уредува во близина на Пашината џамија. Градот, кој со години се соочува со сериозен недостиг на зелени површини, ќе добие ново место за рекреација, што според надлежните, ќе биде опремено со урбана опрема и ќе понуди простор за одмор и прошетки.

„Нашиот фокус отсекогаш бил на создавање нови зелени површини. Во тек е уредувањето на нов парк кај Пашината џамија. Просторот е веќе израмнет, шутот е расчистен и очекуваме паркот да биде подготвен за употреба во текот на јуни“, изјави портпаролот на Општина Тетово, Албион Алили.

Иако ова е позитивен чекор, останува фактот дека Тетово и понатаму страда од недостаток на јавни зелени површини. Градежната експанзија во изминатите децении резултираше со бројни станбени згради изградени без паркови, детски катчиња или зелени елементи. Малкуте јавни простори што останаа, или се узурпирани, или се претворени во паркинг места.

Општинските власти велат дека интензивно работат на ослободување и трансформација на ваквите простори. „Некои јавни површини кои беа узурпирани со приватни гаражи и паркинзи, ќе бидат пренаменети во зелени зони. Целта ни е да ги вратиме јавните простори на граѓаните“, додаде Алили.

Во рамки на истата иницијатива, градот работи и на уредување на променадата покрај реката. Таму веќе е поставена урбана опрема и осветлување, но дел од инсталациите се често оштетувани од несовесни граѓани или собирачи на метал, што фрла сенка врз овие напори.

Сепак, локалната самоуправа најавува дека нема да отстапи од намерата да го направи Тетово позелено и попријатно место за живеење.

Next Post
Уапсени три лица во кривопаланечко, убиле старец па го закопале во близина на неговата куќа

Матурант од Струмица најден мртов, зад склад за дрва на влез од градот

Фетаи: Од 50 функционери, само тројца поднесоа оставки – Алијанса на Албанците сè уште е во Владата

Препорачани Вести

Уапсени четворица скопјани: Украле бронзена биста од гробишта и сакале да избегаат (Фото)

4 months ago
24-годишна девојка од Велес, осомничена дека извршила серија кривични дела во само пет дена

Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи

2 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.