Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Царината заплени тутунски производи, автоделови, ветеринарни лекови, девизи, облека

by Уредник
21.05.2025
in Uncategorized
Царината заплени тутунски производи, автоделови, ветеринарни лекови, девизи, облека

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, никотински ќесички, електронски цигари, тутун, автоделови, лекови за животни, облека, украсни производи, производи за сценски ефекти, девизи и фалсификати.

Во контроли на влез во државата на граничен премин Богородица, Табановце како и во внатрешноста на државата, спречени се обиди за криумчарење тутун, при што запленети се 53 штеки цигари, 19 килограми режан тутун, како и 480 никотински ќесички, за коишто сторителите требало да платат вкупни давачки од 355 илјади денари.

Во два одвоени случаи, при контрола на два камиони пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица откриени се 24 штеки цигари без акцизни маркички.

– Во првиот случај, под тапацирите во кабината на камион со бугарски регистарски таблички кој бил управуван од македонски државјанин, пронајдени се 12 штеки цигари.

– Во вториот случај, во две ќеси сместени во просторот кај моторот на влекач со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пронајдени се 12 штеки цигари.

На влез во држвава на граничниот премин Табановце во патничко комбе управувано од страна на македонски државјанин пронајдени се 480 никотински ќесички од типот VELO од 14 гр од 13 гр, како и 120 електронски цигари со никотин од 50 мг.

Мобилни царински тимови на влез во држвава на граничниот премин Богородица запленија 20 штеки цигари без акцизни маркички. Цигарите се пронајдени сокриени во фабричка празнина позади управувачката табла и во преграда за алат под долниот кревет во кабината на камион.

На граничниот премин Богородица од страна на Службата за мобилни скенери во фабричка празнина во горниот дел на кабината на влекач со македонски регистарски таблички откриени се 9 штеки цигари без акцизни маркички.

Мобилен царински тим во соработка со полициски службеници заплени околу 19 килограми режан тутун, пронајден при контрола на автомобил во близина на Арачиново. Против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка пред надлежен суд.

60 литри моторно масло и 20 филтри за возила се пронајдени во неколку картонски кутии и две ќеси сместени во багажникот и на задното седиште на автомобил кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Дојран.

Царински службеници на граничен премин Дојран во соработка со припадници на граничната полиција Frontex спречија обид за шверц на 94 парчиња облека. Стоката е пронајдена при контрола на автомобил кој се пријавил за влез во државава на граничниот премин. Истата сторителот ја сокрил на повеќе места – кај резервната гума, кај моторот, под задните и предните седишта, под патосниците и во багажниот простор. Непријавената облека е запленета, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка.

Мобилен царински тим при контрола на автомобил што го управувал турски државјанин на граничен премин Блаце откри непријавени 93 разни производи меѓу кои уметнички слики, украси обувки и производи за домаќинство.

Производи за сценски ефекти (100 пакувања од 200 грама композитен титаниум за сценски ефект и 144 садови со течност за огнен ефект) се пронајдени при контрола на збирна стока која била со потекло од Кина, а наменета за увозник од Скопје. Стоката била пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија и истата не била опфатена во царинските документи.

Од страна на царински службеници на граничниот премин Блато под седиштата на автомобил со македонски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата откриени се 20 вакцини за животни Poliovin од 100 ml за кои е потребна дозвола за увоз.

Мобилен царински тим при личен претрес на патник, македонски државјанин, откри 5.200 евра што истиот сакал нелегално да ги изнесе од државата преку граничен премин Богородица. Патникот со себе носел 7.200 евра, при што вратени му се 2 илјади евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека останатите девизи во износ од 5.200 евра се привремено задржани.

348 парчиња детски играчки (возила, топки и ракавици) со ознаки на заштитени трговски марки се задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Стоката е откриена од страна на мобилните царински тимови при контрола на камион натоварен со стока со потекло од Кина, а наменета за увозник од Струмица, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица.

Next Post
Путин ја посети Курската област, во близина на украинската граница

Путин ја посети Курската област, во близина на украинската граница

Кисела Вода со субвенции за пелети и печки на пелети

Препорачани Вести

Исчезнат маж од Тетово откриен мртов во автомобил – МВР со детали за настанот

2 months ago
Финансиски хороскоп: Овие четири знаци ги очекува огромна заработка во мај

Финансиски хороскоп: Овие четири знаци ги очекува огромна заработка во мај

9 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.