Connect with us

Црна Хроника

Детали за акцијата „Бункер“: Продавале дрога и вршеле нарачани убиства

Јавното обвинителство ги објави деталите од акцијата што беше спроведена рано утрово во соработка со МВР. Таа била насочена кон криминалната група „Беланоца-Барон“ каде биле извршени претреси на пет локации, биле приведени четири лица, додека во домот на еден од осомничените било пронајдено поголемо количество на марихуана.

Јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четворицата приведени за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Злосторничко здружување и кривично дело Убиство, а еден од осомничените сторил и кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Според обезбедените докази во текот на 2023 година осомничените станале припадници на група која дејствувала подолг временски период и имала за цел вршење на кривични дела Убиство од одмазда и по порачка за кое е пропишана затворска казна од најмалку десет години или доживотен затвор и други кривични дела. Тие прифаќајќи ги одлуките и насоките од организаторите на криминалната група, во континуитет преземале дејствија на обезбедување услови, отстранување пречки и ставање средства на располагање за извршување на порачките за лишување лица од живот. Така, тројца од осомничените во текот на месец јули 2023 година, на македонска и грчка територија, поттикнати и по порачка од претходно осомничен – организатор на групата, преземале дејствија на извидување на локација на оштетен и обезбедување средства за вршење на кривичното дело, при што во Грција бил лишен од живот припадник на спротивставената организирана криминална група Грчец. Во месец мај 2024 година, пред објект на т.н. пластичарска улица двајца осомничени извршиле убиство на едно лице, а при заминување од местото пукале во возило што било паркирано во непосредна близина при што повредиле други лица од кои едно лице починало“, се вели во соопштението на обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети условите за тројца од осомничените до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерката притвор, додека за еден осомничен предлог за определување мерки на претпазливост.

Advertisement

Црна Хроника

Инцидент во Скопје: Косовски возач удрил во автобус и побегнал

На 22 декември 2025 година, на Граничниот премин Долно Блаце беше уапсен Л.С. (65) од Косово, поради учество во сообраќајна незгода во Скопје и напуштање на местото на настанот.

Инцидентот се случил околу 15:00 часот во скопската општина Центар, кога „фолксваген голф“ со косовски регистарски ознаки се судрил со автобус на ЈСП. По судирот, возачот го напуштил местото, по што полицијата веднаш го трагала и го лишила од слобода на граничниот премин околу 15:30 часот.

Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, а истрагата ќе утврди дали има повредени лица и каква е материјалната штета.

Continue Reading

Црна Хроника

Уапсен поради поседување пиротехника во неготинско село

На 23 декември 2025 година во 07:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Р. (34) од селото Криволак, неготинско.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица, за настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Тешка несреќа на автопатот Скопје- Велес

На 22.12.2025 околу 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје- Велес, кај Катланово, патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.П.(49) од Велес, излетало од коловозот. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. 

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг