Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ФФМ подели казни: Тренерот и директорот на Кожуф надвор од фудбалот две години, а во ОФС Охрид се измислила цела лига!

by Уредник
21.05.2025
in Uncategorized
ФФМ подели казни: Тренерот и директорот на Кожуф надвор од фудбалот две години, а во ОФС Охрид се измислила цела лига!

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, врз основа на доставените извештаи и официјалните забелешки, на својата седница донесе одлуки и отвори постапки за следните случаи:

Забрани за извршување функција:

– Славчо Георгиевски, тренер на ФК Кожуф – забрана за вршење на функција во времетраење од 2 години;

– Пепи Георгиев, технички директор на ФК Кожуф – забрана за вршење на функција во времетраење од 2 години;

Забрани за настап:

– Енес Дервиши (ФК Гостивар) – забрана за настап на натпревари во времетраење од 1 месец;

– Фабрице Тамба (ФК Шкендија) – забрана за настап на 1 натпревар;

– Димитриј Попоски (ФК Брегалница) – забрана за настап на 1 натпревар;

– Дамјан Серафимов (ФК Брегалница) – забрана за настап на 2 натпревари;

Поведени постапки:

– Против ФК Шкендија АД, поради користење пиротехнички средства на натпреварот ФК Шкендија – ФК Силекс;

– Против ФК Македонија ЃП, поради користење пиротехнички средства на натпреварот ФК Македонија ЃП – ФК Беласица;

– Против ФК Кожуф, поради прикривање и нерегуларности на натпреварот ФК Кожуф – ФК Башкими. Од истата причина, веќе е поведена постапка против ФК Башкими;

– Против Фетахи Фуркан, комесар за безбедност на ФК Башкими;

– Против Кирил Стојков, поради добиен црвен картон на натпреварот ФК Кожуф – ФК Новаци;

– Против играчи на ФК Кожуф (К.С.Ј.П.Б.К.Д.Б.) – за прикривање информации поврзани со натпреварот ФК Кожуф – ФК Башкими;

Исклучување од фудбалската организација:

Цане Милошески, претседател на ОФС Охрид и Никола Цветкоски, секретар на ОФС Охридсе исклучуваат од фудбалската организација и им се забранува вршење на каква било функција поврзана со фудбалот.

Одлуката е донесена по темелна постапка и претходни сознанија од одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластените службени лица од ОФС Охрид.

Извршена измама и доведување во заблуда,давање лажни, неточни и непотполни податоци во Комет системот (увидот во Комет системот на ФФМ покажа дека дури и лице починато пред повеќе години е заведено како учесник во овие фиктивни записници од натпреварите), фалсификување записници за натпревари кои не се одиграни, измислена комплетна „Б“ општинска лига во рамки на ОФС Охрид, односно натпреварување кое не постои.

Next Post
Поранешен британски разузнавач предупредува: Европа се соочува со нова закана, но не од Путин

Поранешен британски разузнавач предупредува: Европа се соочува со нова закана, но не од Путин

Илон Маск потврди: Останува на чело на Tesla најмалку уште пет години

Илон Маск потврди: Останува на чело на Tesla најмалку уште пет години

Препорачани Вести

Групна тепачка во Скопје: Двајца тешко повредени, приведени осум лица

5 months ago

ВИДЕО: Огромна експлозија во Русија – Нов напад на украинските сили

5 months ago

Популарни Вести

  • Плата за невидливи работници – поранешен градоначалник под истрага за милионска измама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битола воведува електронско гласање во Советот – прв пример во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Хрватска е силен поддржувач на македонската европска перспектива

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ски сезоната на Копанки започнува оваа недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.