Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, СЕ ПРЕТРЕСУВААТ 5 ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Полицијата обезбеди докази против групата Беланоца-Барон

by Уредник
21.05.2025
in Uncategorized
Под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат претреси на пет локации во Скопје. Акцијата е резултат на обезбедени докази во рамките на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон, соопшти МВР.

Утринава е забележано големо присуство на полицијата низ улиците на Скопје. Според нашите информации се вршат претреси во поголем број на објекти во кои живеат лица поврзани со тешки кривични дела меѓу кои и со убиството на Пластичарска улица со кое во Мај 2024 беше убиен Амар Исмани, а две лица беа тешко ранети, како и убиството на Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен на 15 јули 2023 година во луксузна вила во Ханиоти на Халкидики во Грција.

„Под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат претреси на пет локации во Скопје. Акцијата е резултат на обезбедени докази во рамките на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“.

Со повеќе информации обвинителството ќе излезе во текот на денот.

На 15 јули 2023 година двајца маскирани напаѓачи влегле во апартманот каде што престојувал Бајрами и отвориле оган, при што биле испукани 19 куршуми. Бајрами почина на лице место, додека неговиот пријател беше сериозно повреден, но истиот преживеа.

Дали со последната акција се комплетира целиот мозаик од случајот со убиството на Орхан Бајрами, но и убиството на Амар Исмани, за кои веќе има и други лица кои се под истрага и во затво? Со ова полицијата задава комплетен удар на целокупната криминално бандитска мрежа, покажува храброст и решеност да расчисти со сите рецидиви на криминалнотот раководење на СДСМ и ДУИ.

На овој начин полицијата заедно со обвинителството е во насока да направи целосна реконструкција на настаните поврзани со убиствата на поголем број членови на криминални групи кои хараа низ улиците на Скопје и помагаа на светски криминалци да добијат Македонски пасоши кои непречено се шетаа низ целиот свет.

На крај се поставува прашањето дали е случајно или не, во овој момент Директорот на БЈБ да биде лично дискредитиран како дел од партиската кампања на СДМС за наводни лажни дипломи, кој целиот свој работен век го поминал во полицијата, а својата кариера ја започнал како униформиран полициски службеник на своите 18 години. Дали обезбедување на правдата со овој голем случај но и со многу други истраги кои беа спроведени во изминатите месеци некого плаши дека со расчистување на политичкото подземје, истото повеќе нема да може да се користи за политички уцени.

Next Post

Целосен прекин на сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани

Палчо: Имам 97 прашања за Кешишев

Со изведување дополнителни докази продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Препорачани Вести

Денес е Црн Св. Јован – еве што никако не смеете да правите

Денес е Црн Св. Јован – еве што никако не смеете да правите

4 months ago
Путин откри што бара: Ова се условите за мир и прекин на војната во Украина

Путин откри што бара: Ова се условите за мир и прекин на војната во Украина

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.