Connect with us

Балкан

Грција има строг закон за патен сообраќај: За прекршителите казните се високи

Доколку планирате да возите до Грција, а да не ги почитувате сообраќајните прописи,  подгответе се да платите високи казни за време на вашиот одмор. Сепак, треба да имате предвид и дека во оваа земја постојат одредени правила на однесување кои доколку не се почитуваат може и да ве чинат пари!

Иако Грција веќе седум години има нов и многу построг закон за патен сообраќај, вреди да се потсетиме колку секој сообраќаен прекршок направен во оваа земја ќе ги зголеми трошоците за вашиот одмор.

Во Грција значително е зголемен бројот на сообраќајните полицајци на патиштата и улиците таму, а тие се бескомпромисни и брзи во казнувањето на прекршителите. Исто така, советуваат искусните патници во оваа земја од ЕУ, важно е да се напомене дека е зголемен бројот на камери за брзина на главните патишта, а првата што ќе ја сретнат патниците од нашата земја се наоѓа многу блиску после граничниот премин Евзони, а пред излезот за Солун, кој е еден од најчестите рути за патување на туристите кои патуваат кон грчкото крајбрежје.

Ова се казните за сообраќајни прекршоци во Грција:

Возење под дејство на алкохол – од 78 до 1.200 евра

Надминување на дозволената брзина во населено место до 20 км/ч – 100 евра

Поминување на црвено на семафор и престигнување преку полна линија – 700 евра

Неносење појас – 350 евра

Непрописно паркирање – од 40 до 80 евра

Користење на мобилен телефон при возење – 100 евра

Пушење во возило доколку во него има дете под 12 години – 1.500 евра и одземање на возачка дозвола.

За разлика од претходните прописи, исто така се предупредува дека во Грција веќе нема бенефит некоја од сообраќајните казни што ви се изречени да се намали на половина од износот доколку ја платите во рок од десет дена.

И не се залажувајте да мислите дека нема да платите за ниеден од овие сообраќајни прекршоци направени во Грција. Доколку се уште не е евидентирана казна за сообраќаен прекршок и информацијата за истата не е испратена на граничните премини, тоа не значи дека сте се спасиле од плаќање.

„Грците не можат да ви испратат казна на домашна адреса, но следниот пат кога ќе влезете во Грција, ако казната не е застарена, таа се уште е во системот и нема да ви биде простено, туку ќе треба да ја платите. Дополнително, постои регистар на сообраќајни прекршоци во ЕУ и голема е веројатноста дека ќе ви биде наплатена казна веднаш штом ќе влезете во ЕУ, секаде каде што е направен прекршок во рамките на ЕУ“, пишува веб-страницата nikana.gr.

Advertisement

Балкан

Пијан возач фатен со 200 км/ч

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија денес околу 14 часот го запреа Д.В. (39) во Лозница, кој управуваше возило „суди“ со брзина од 200,8 километри на час на дел од патот Лозница – Шабац, каде што ограничувањето е 100 км/ч.

Со алкотестирање е утврдено дека возачот бил во тешка алкохолна интоксикација, со 1,41 промили алкохол во крвта.

Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во службените простории, а против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење и возење под дејство на алкохол.

Continue Reading

Балкан

Вучиќ: Србија има гориво до 15 јануари

Српскиот претседател Александар Вучиќ увери дека Србија има обезбедено доволно керозин, мазут, дизел и бензин најмалку до 15 јануари, а можеби и до 25 јануари, обидувајќи се да ги смири граѓаните по информациите за проблеми во нафтената индустрија.

Иако државата веќе 70 дена функционира без увоз на нафта, Вучиќ истакна дека енергетскиот систем е стабилен и дека нема причина за паника пред претстојните празници. Тој сепак призна дека ситуацијата е комплицирана, особено поради статусот на Нафтната Индустрија Србија (НИС), за што Белград следната недела ќе испрати итни барања до американската канцеларија за контрола на странски средства (ОФАК) за добивање оперативна лиценца.

„Доволно керозин, мазут, дизел и бензин обезбедивме најмалку до 15 јануари, можеби и до 25 јануари. Никој не треба да се грижи, имаме безброј технички проблеми, но државата знае како да ги реши“, рече Вучиќ.

Претседателот потенцираше дека Србија нема да дозволи колапс на енергетскиот сектор и им се заблагодари на граѓаните за поддршката. „Ве уверувам дека ќе имате доволно од сè што е потребно за празниците. Ќе добивате навремени информации за секоја промена“, додаде тој.

Continue Reading

Балкан

Тешка несреќа на Дурмитор: Турист загина по пад од жичара, жена тешко повредена

Трагичен инцидент се случи денеска на ски-центарот Савин Кук на Дурмитор, кога две лица – странски туристи – паднале од корпа на ски-лифт, при што едно лице го загуби животот, а друго се здоби со тешки повреди.

Несреќата се случила на жичара број два, во стрмниот втор дел од трасата што води кон Савин Кук. Според првичните информации, загинал маж, додека повредената жена е во свесна состојба и комуникативна.

На терен се ангажирани спасувачки и надлежни служби, кои вршат увид и ја утврдуваат причината за инцидентот. Првичните сознанија укажуваат на можен технички дефект во вториот дел од жичарата, по што корпата во која се наоѓале туристите започнала да се движи наназад.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг