Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Измамници на интернет продаваат „молитвени тегли“ – внимавајте предупреди Струмичката епархија

by Уредник
21.05.2025
in Uncategorized

Струмичката епархија на МПЦ-ОА предупредува на измамничка шема во која е злупотребено името на епископт Јаков, а дополнително измамниците ја користат трагедијата на земејствата на закинатите од кочанската дискотека.

Измамата оди преку профил на социјалните мрежи Библиска Македонија, кој продава „молитви во тегли“ и книги користејќи го името и авторитетот на викарниот Епископ Стобиски г. Јаков.

-Имено, до нас стигнаа информации од оштетените граѓани, дел од нив роднини и родителите на загинатите деца во пожарот во Кочани, коишто, скршени од болка и барајќи утеха, подлегнале на лагите кои им ги пишувале луѓето кои се кријат зад профилот Библиска Македонија и порачувале од спорните реквизити. Целосно ја имаме во предвид ранливоста на оштетените, кои од небрежност, не сакајќи поверувале на оваа измамничка шема, која е сѐ, само не во духот на православното христијанство. Сочувствуваме со болката, разбирајќи ја љубовта и довербата коишто луѓето ја чувствуваат кон Епископот г. Јаков, па недвосмислено стоејќи зад неговиот авторитет станале жртва на оваа грозоморна измама. Грозоморна, затоа што некои ликови, кои се претставуваа како христијани, се дрзнале преку лаги и измами, не само да прават обид за дискредитација на Преосветениот владика, а со тоа и на МПЦ ОА, туку и да заработуваат користејќи ја болката на оштетените.Грозоморна затоа што на луѓето кои барале утеха им продавале „ветер и магла“ и со тоа стекнувале бесправна материјална корист. Тука нема ништо човечко, а камо ли христијанско! Бескруполозноста на овој чин оди дотаму што ладнокрвно, на Вибер каналот на профилот Библиска Македонија, промовирале и продажба на книга која наводоно е со благослов на Владиката, без да прецизираат за кој Владика станува збор, повторно доведувајќи ги во заблуда оштетените, стои во соопштението од Епархијата.

Посочуваат дека ниту митрополитот Струмички Наум, ниту неговиот викарен Епископ Јаков дале било кому благослов да се продава каква било книга.

Луѓето блиски до Црквата и Струмичката Православна Епархија знаат дека сите епархиски изданија, книги, весници, молитвеници итн,  верниците и добронамерниците ги добиваат на подарок од владиците. Истовремено, Библиска Македонија ја плете оваа арамиска мрежа, перфидно наведувајќи ги луѓето дека со купување на книгите учествуваат во „Кујната што поделува топол оброк секојдневно“, несомнено алудирајќи на најголемата хуманитарна акција „Топол оброк за сите“, стои во соопштението.

За оваа измама, Струмичката православна епархија веќе го информирала СВР Струмица и очекува брзо откривање на измамниците и нивна одговорност согласно законите и елиминирање на оваа измамничка мрежа.

Ги повикуваме и охрабруваме сите измамени лица кои биле жртви на овој криминал спроведен преку социјалните канали на Библиска Македонија, да пријават во најблиската полициска станица, приложувајќи ги сите докази со кои располагаат.

Знаејќи дека овој свет во зло лежи, и секогаш ќе изнедрува луѓе кои што ќе го избираат злото како свој начин на живот и постоење, упатуваме апел до верниците, во иднина да не наседнуваат на вакви криминални стратегии, а за секоја нивна намера да учествуваат во одредени акции кои се шират на социјалните мрежи, а поврзани со Црквата, да ја проверуваат во својата епархија, или кај својот парохиски свештеник.

Потенцираме дека официјалната веб страна на МПЦ ОА- Струмичка епархија http://mpc.org.mk/MPC/SE/vesti.asp како порталот и Фејсбук и Инстаграм страна и веб страната на Тивериопол.мк https://www.tiveriopol.mk/  се вистинските релевантни извори каде што се пласираат информациите за активностите на надлежниот владика и неговиот викарен епископ, како и за различни активности поврзани со работата на Струмичката Православна Епархија. Оттаму секое повикување на нивниот црковен авторитет на други социјални медиуми, страни и промоција на било какви акции или кампањи, верниците и граѓаните да го земаат со резерва и со претпазливост и опасност од потенцијална измама.

Изразуваме длабоко разочарување што луѓето од Бибилиска Македонија го злоупотребија словото на епископот Јаков, односно словото на Црквата, и наместо сите заедно да пребиваме во радоста на Воскреснатиот Христос, за жал во овие денови на Воскресението сведоци сме на оваа нечовечност и бескрупулозност, стои во соопштението од Канцеларијата на струмичката епархија.

Next Post

Кибер напад на веб-страницата на Радио Телевизија на Албанија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, СЕ ПРЕТРЕСУВААТ 5 ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Полицијата обезбеди докази против групата Беланоца-Барон

Препорачани Вести

Насилство на скопска обиколница: 20 годишник глумел полицаец со значката на татко му, пцуел возач, па го повредил со нож

Насилство на скопска обиколница: 20 годишник глумел полицаец со значката на татко му, пцуел возач, па го повредил со нож

10 months ago
Инспекторите со полни раце работа: Затворени три маркети, аптека и увозници на овошје и зеленчук – имале маржи и до 70%

Инспектори на терен: ДПИ започнува засилени контроли за „Black Friday“ поради можни манипулации со попустите

2 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.