Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Кисела Вода со субвенции за пелети и печки на пелети

by Уредник
21.05.2025
in Uncategorized

Во насока на унапредување на енергетската ефикасност и поддршка на домаќинствата, Општина Кисела Вода објави два јавни повици – за субвенционирање на набавка на пелети и за печки на пелети. Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година, преку Програмата за локален економски развој, потпрограма за енергетска ефикасност, извести Општината.

Право на учество имаат сопственици на индивидуални станбени објекти на територија на општината, кои немаат приклучок на централно парно греење и кои претходно не искористиле ваков вид субвенција. При аплицирање, потребно е да се достави документација што го потврдува сопствеништвото, лична идентификација, доказ за извршена набавка (фискална сметка, фактура и извод од банка) од 01.01.2025 година до завршување на јавниот повик, нотарски заверена изјава и пополнет образец кој може да се преземе од веб-страницата или од архивата на Општина Кисела Вода.

Субвенцијата за набавка на пелети изнесува 50% од вредноста, но не повеќе од 10.000 денари, додека за набавка на печки на пелети се надоместуваат исто така 50% од вредноста, но не повеќе од 20.000 денари, и во двата случаи со вклучен персонален данок на доход.

– И оваа година, продолжуваме со имплементација на мерки кои директно ги поддржуваат нашите сограѓани. Субвенционирањето на набавката на пелети и печки на пелети е дел од нашата заложба да обезбедиме конкретна поддршка за домаќинствата, за полесно и поквалитетно затоплување на нивните домови, но и за заштита на животната средина. Ваквите мерки се дел од поширокиот пристап кој го применуваме како локална самоуправа – пристап кој значи грижа, континуитет и визија за одржлива иднина. Кисела Вода веќе го гради својот препознатлив печат на општина која работи темелно, одговорно и со видливи резултати. Ги повикувам сите граѓани кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да ја искористат оваа поддршка. Ние, како локална власт, остануваме посветени на политиките кои носат конкретни придобивки – за секој жител, за секој дом во Кисела Вода, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Барањата се поднесуваат во затворен плик преку Архивата на општина Кисела Вода, по принципот „прв дојден, прв услужен“, сѐ до исцрпување на средствата или најдоцна до 31 октомври 2025 година, додаваат од Општината. 

Next Post
Крајот на мај и почетокот на јуни носи животен џекпот за три хороскопски знаци

Крајот на мај и почетокот на јуни носи животен џекпот за три хороскопски знаци

Свирепо малтретирање на штрк во Гевгелија, Анима Мунди бара итна инстиуционална реакција

Свирепо малтретирање на штрк во Гевгелија, Анима Мунди бара итна инстиуционална реакција

Препорачани Вести

Два хороскопски знаци ќе пливаат во пари во октомври: Пресврт на финансиската ситуација!

Два хороскопски знаци ќе пливаат во пари во октомври: Пресврт на финансиската ситуација!

4 months ago
Без струја делови од Скопје и приградски населби – ова се деталите

Без струја делови од Скопје и приградски населби – ова се деталите

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.