Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Никогаш повеќе суви и испукани раце: Со една состојка, до кожа мека како свила

by Уредник
21.05.2025
in Uncategorized
Никогаш повеќе суви и испукани раце: Со една состојка, до кожа мека како свила

Засекогаш збогум на сувата и испукана кожа на рацете – само една природна состојка е доволна за раце меки како свила

Сувата и испукана кожа на рацете е чест проблем, особено во зимските месеци, но и како последица на честото миење со агресивни сапуни или изложеност на хемикалии. Освен што создава непријатност, оваа состојба може да доведе до болни иритации и да го отежне извршувањето на секојдневните активности, пренесува порталот klix.ba.

Студениот воздух, честите температурни промени и сувата клима придонесуваат за нарушување на заштитната бариера на кожата. Тоа овозможува влагата побрзо да испарува, а штетните честички полесно да навлезат во кожата, што резултира со црвенило, пукање и груб допир.

Природни масла кои прават разлика

Меѓу бројните природни решенија за нега на кожата, маслото од јојоба се издвојува како едно од најефикасните. Богато е со витамин Е, цинк, витамини од Б-комплексот, јод и есенцијални масни киселини. Маслото од Јојоба не само што длабински ја хидрира кожата, туку и ја поттикнува продукцијата на колаген, спречувајќи ја дополнителната дехидратација.

Одличен сојузник во борбата против сувата кожа е и маслото од ленено семе, кое содржи високо ниво на омега-3 масни киселини. Овие природни липиди имаат смирувачко и навлажнувачко дејство, а истовремено го намалуваат оксидативниот стрес и придонесуваат за мазна и здрава кожа.

Покрај нив, добро познатите маслиново и кокосово масло исто така се одлични за нега на кожата на рацете. Лесно достапни во продавници за здрава храна и супермаркети, овие масла може директно да се нанесуваат на кожата, обезбедувајќи ѝ потребна влага и заштита од надворешни влијанија.

Внимание и при употребата на хемикалии

Освен навлажнување, важно е да се внимава и на тоа што ја суши кожата. Средства за миење садови, детергенти и други хемикалии можат сериозно да ја оштетат кожата на рацете. Затоа, се препорачува носење ракавици при контакт со вакви производи.

По секој контакт со хемикалии или вода, неопходно е рацете да се намачкаат со хранлива хидратантна крема, која ќе ја обнови заштитната бариера и ќе спречи дополнително сушење.

Next Post
Неколку причини зошто е подобро да користите кеш, отколку кредитни картички!

Неколку причини зошто е подобро да користите кеш, отколку кредитни картички!

Полицијата со полни раце работа: Уапсени неколку возачи, управувале со возилата под дејство на алкохол

Полицијата со полни раце работа: Уапсени неколку возачи, управувале со возилата под дејство на алкохол

Препорачани Вести

Не е лошо за почеток: Дигитализацијата и конкуренцијата го менуваат платниот промет во Македонија

7 months ago
ВИДЕО: Сите 14 осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ со лисици однесени во Обвинителството во Кочани

ВИДЕО: Сите 14 осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ со лисици однесени во Обвинителството во Кочани

11 months ago

Популарни Вести

  • voda

    Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.