Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ОГРОМНА НАТО ВЕЖБА НА КРИВОЛАК: Со над 2000 војници

by Уредник
21.05.2025
in Uncategorized

Околу 2.200 армиски припадници од 7 НАТО земји членки и две партнерски држави на Алијансата ќе учествуваат во вежбата „Immediate Response 25“, најголем дел од македонската Армија, 950. Сценариото на „IR – 25“, опфаќа демонстрирање на безбедносните способности и зајакнување на сајбер-одбраната, преку реализација на мултинационални боеви гаѓања, сајбер вежба, премин преку река и АБХО вежби, појаснија од Генералштабот на АРМ на денешниот брифинг со медиумите.

Мултинационална вежба со изведување на копнено борбени дејства и бојни гаѓања ќе се одржи на армискиот полигон „Криволак“ од 26 мај до 9 јуни. Околу 2.200 армиски припадници од 7 НАТО земји членки и две партнерски држави на Алијансата ќе учествуваат во вежбата „Immediate Response 25“, најголем дел од македонската Армија, 950.

Борбени хеликоптери „AH-64 APACHE“, тенкови „Леопард“, оклопни возила, транспортни хеликоптери, минофрлачи и друга опрема и вооружување ќе се користат во вежбата која има за цел да ја зајакне подготвеноста на НАТО и интероперабилноста меѓу сојузничките и партнерските сили, а преку заедничко дејствување во сложени услови прикажувајќи способности за одвраќање. Воедно, вежбата ја унапредува регионалната безбедност, тестирајќи ја заедничката логистика и координација.

Сценариото на „IR – 25“, опфаќа демонстрирање на безбедносните способности и зајакнување на сајбер-одбраната, преку реализација на мултинационални боеви гаѓања, сајбер вежба, премин преку река и АБХО вежби, појаснија од Генералштабот на АРМ на денешниот брифинг со медиумите.

Началникот на Генералштабот на АРМ, Сашко Лафчиски на брифингот истакна дека оваа воена вежба е многу важна за нас, но и за НАТО.

-„Immediate Response 25“ е можност на сојузничките партнерски сили преку вежби да го зајакнат источното крило на НАТО со цел подготовка за подобар и побрз одговор, како и размена на искуства. Дел од армиските системи кои ќе учествуваат во вежбата за првпат ќе ги видиме на „Криволак“. Воедно вежбата е своевиден тест и за нашата лесна пешадиска баталјонска бригада и нивните достигнувања, посочи Лафчиски.

Командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, на брифингот истакна дека армискиот полигон „Криволак“ е на врвот на интересот на Алијансата.

-Вежбата е одлична можност да учиме едни од други, да размениме искуства и да покажеме висок степен на подготвеност, вели Ѓоргоски.

На „Криволак“ ќе учествуваат армиите на Македонија, САД, Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, Обединетото Кралство и Австрија и Косово како партнери.

Во исто време, „Immediate Response 25“, ќе се спроведува и во Албанија, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора и Словачка. „Immediate Response 25“ е дел од серијалот на вежби „Defender 25“ кои редовно се реализираат.

Од АРМ додаваат дека за време на вежбата ќе се користи само стандардна муниција која е во согласност со заштитата на животната средина.

Како дел од вежбата, на 1 јуни во Кавадарци ќе се одржи отворен ден за граѓаните на кој ќе биде прикажана дел од воената опрема, а неколку дена претходно во Штип, Битола и Скопје ќе има концерти на воените оркестри на АРМ и Националната гарда на Вермонт.

„Immediate Response 25“ ќе ја проследи и државниот врв чие присуство е потврдено.

Next Post
Кардиохирург предупредува: Двa пијалаци се „течна смрт“ – престанете свесно да го труете телото

Кардиохирург предупредува: Двa пијалаци се „течна смрт“ – престанете свесно да го труете телото

Дали е ова новата омилена дестинација за летување? На ова место, за кафе ќе платите само 60 денари, додека виното ќе ве чини околу 120 денари!

Дали е ова новата омилена дестинација за летување? На ова место, за кафе ќе платите само 60 денари, додека виното ќе ве чини околу 120 денари!

Препорачани Вести

Научниците почнаа „да предизвикуваат“ земјотреси на Алпите: Се работи за многу ризичен експеримент

2 months ago
Индија и Пакистан со нови меѓусебни обвинувања

Индија и Пакистан со нови меѓусебни обвинувања

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.