Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Премиерот обвини дека некои минати раководства во АД МЕПСО барале мито од инвеститори

by Уредник
21.05.2025
in Uncategorized
Улици од четири скопски општини во четврток ќе бидат без струја

„Тоа го истражуваме. За жал, има малку докази, но мислам дека дел од овие тврдења наскоро ќе бидат обелоденети во јавноста“, кажа Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска обвини дека некои минати раководства во АД МЕПСО им барале мито на инвеститори. Посочи дека таквите наводи во моментов се истражуваат, како и оти очекува тие наскоро да се објават во јавноста.

Ваквите наводи Мицкоски ги изнесе одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на скопска Гинекологија, зошто има чести испади на енергетската мрежа откако изминатиот викенд повеќе градови низ државата останале неколку часа без струја.

„Не е точно дека се случуваат испади на мрежата. Се случи еден испад поради надворешен фактор. Конкретно зборуваме за неделата наутро, минатиот викенд кога имаше зголемени напонски услови на далноводот што ги поврзува Врање и Штип. Тоа значи дека наместо да има 400-киловолтна напонска состојба имаше 460-киловолтна состојба, со што се активира заштитата на мрежата и нормално е дека тој далновод се исфрла од функција. Така функционира системот секаде во Европа. Не е тоа за нашите технички перформанси, туку она што го добиваме однадвор“,рече . 

Посочи дека за време на велигденските празници еден од блоковите во Битола го исклучиле зашто ги замолиле од соседна Грција, поради намален конзум, а зголемено производство на електрична енергија од фотоволтаици, за кои рече дека се нестабилен извор на енергија.

Во времето кога биле во опозиција рече дека реагирале оти не треба да се даваат согласности за инсталирање на таков тип производни капацитети оти ќе се доведеме во состојба кога ќе имаме сериозни проблеми поради целокупните регионални состојби.

Според него, најголемиот конзум што го има Македонија е во зима, отприлика втората половина од јануари, меѓу 18 и 20 часот и тоа е 1,5 гигавати.

„Техничкиот капацитет на мрежата е двапати поголем, но во моментот има проекти и барања од 9,5 гига, односно трипати повеќе од техничкиот капацитет и шестпати повеќе од тоа кое што го трошат граѓаните. Зошто? Затоа што некои минати раководства во МЕПСО за да издадат мислење пред инвеститорите, имаат барано мито и тоа го истражуваме. За жал, има малку докази, но мислам дека дел од овие тврдења наскоро ќе бидат обелоденети во јавноста“,

Next Post
Кривична за Милчо Манчевски и неговата „Банана филм“ – обвинителството ја почна постапката

Кривична за Милчо Манчевски и неговата „Банана филм“ – обвинителството ја почна постапката

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска нема да даде предлог за нов шеф на Народната банка

Сиљановска-Давкова го достави предлогот за гувернер на Народната банка

Препорачани Вести

Приведен струмичкиот бизнисмен Крмзов, близок соработник на Заеви

Приведен струмичкиот бизнисмен Крмзов, близок соработник на Заеви

8 months ago
Украина ги предава минералите на САД?

Украина ги предава минералите на САД?

10 months ago

Популарни Вести

  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничните премини и понатаму под блокада: Решението од ЕК се очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити во „Click Plus“: Редот во сообраќајот значи спасени животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.