Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Тенкови Леопард 2, но и хеликоптери Апачи доаѓаат во Македонија!

by Уредник
21.05.2025
in Uncategorized

Тенкови Леопард 2А6, хеликоптери Апачи AH-64, Хамви возила, JLTV оклопни возила и разна друга опрема и средства ќе бидат користени на воениот полигон Криволак во рамките на вежбата во која ќе учествуваат над 2000 воен персонал од 7 земји членки на НАТО и две партнерски земји. Македонија ќе биде домаќин на воената вежба “Immediate Response 2025“ или „Брз одговор“ која ќе се одржи од 26-ти мај до 9-ти јуни.

Македонија ќе учествува со 950 припадници на Армијата, односно лесниот пешадиски баталјон, Воздухопловниот ВИНГ и Логистичка база. Ќе учествуваат и контигенти од САД, поточно Националната гарда на Вермонт со 710 припадници, потоа контигенти од Албанија (30), Грција (50), Италија (30), Црна Гора (185), Обединетото Кралство (2 учесници, набљудувачи или супервизори), како и партнерските земји Австрија (70) и Косово (150).

Освен тенкови Леопард, кои според информациите ќе ги има 4+1, односно четири борбени тенкови и еден за звлекување, и два хеликоптери Апачи, во вежбата ќе бидат вклучени американските транспортни медицински хеликоптери „HH-60”, попознати како „Црн Јастреб“, потоа транспортен хеликоптер „МИ 8/17“, инжинерско возило „Хаски“, а ќе се употребуваат минофрлачи.

Вежбата е практично демонстрирање на безбедносните способности и зајакнување на сајбер-одбраната, преку реализација на мултинационални боеви гаѓања, сајбер вежба, премин преку река и АБХО вежби.

Вежбата е дел од серијалот вежби „Defender 25” кои редовно се реализираат на годишно ниво и претставуваат долго планирани вежби предводени од Армијата на САД за Европа и служат за зајакнување на источното крило на НАТО.

Граѓаните ќе имаат можност и одблиску да ја видат и да се запознаат со дел од воената опрема која ќе биде користена и која ќе биде изложена во Кавадарци на први јуни од 10 до 13 часот.

Next Post
Обилните дождови предизвикаа страшни поплави во Австралија – се врши евакуација со чамци и хеликоптери

Обилните дождови предизвикаа страшни поплави во Австралија - се врши евакуација со чамци и хеликоптери

Хорор во Холандија: Избодени повеќе лица, меѓу нив има и полицаец

Препорачани Вести

Кривична против двајца тетовци, сакале насила да влезат во канцеларијата на Касами

11 months ago
Лишен од слобода 71-годишен маж, предизвикал пожари во демиркаписко

Лишен од слобода 71-годишен маж, предизвикал пожари во демиркаписко

6 months ago

Популарни Вести

  • Македонското друштво “Илинден“-Тирана апелира за итна интервенција на патот што ја поврзува Албанија со Македонија на граничниот премин Требиште-Џепиште, во областа Голо Брдо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради одрон загрозено движењето на единствениот пат за Македонците во Голо Брдо – Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Советникот за национална безбедност на словачкиот премиер Мирослав Лајчак поднесе оставка по објавени комуникации со Џефри Епштајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Борче Димитровски за умно.мк: „Зимска приказна“ од идеја до препознатлив фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ЗАПЛЕНЕТИТЕ 5 ТОНИ МАРИХУАНА – СЕМЕЈСТВОТО НА ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ СО ИСКАЗ “САМО ЈА ЧУВАВМЕ ДОДЕКА НЕ ДОЈДЕ НЕКОЈ ДА ЈА ЗЕМЕ”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.