Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Вардар шести пат во историјата го освои Купот на Македонија

by Уредник
21.05.2025
in Uncategorized
Вардар шести пат во историјата го освои Купот на Македонија

Фудбалерите на Вардар се новите освојувачи на Купот на Македонија за сезоната 2024/25. Црвено-црните во финалниот натпревар одигран против Струга Трим Лум славеа со сигурни 2:0, обезбедувајќи го шестиот трофеј во својата клупска историја и прв по пауза од цели 18 години.

Херој на финалето беше младиот напаѓач Талевски, кој ги постигна двата гола – првиот во 26. минута, а вториот непосредно по почетокот на второто полувреме, во 48. минута, осигурувајќи му го на Вардар заслужениот триумф.

Иако резултатот на крајот изгледа убедливо, Струга имаше неколку сериозни шанси, особено во првото полувреме. Најблиску до водство беа Укпа, Радески и Кривањева, кои не успеаја да реализираат додека резултатот сè уште беше 0:0. По водството на Вардар, Доминго ја погоди стативата, но стружани не успеаја да се вратат во игра.

За стратегот на Вардар, Гоце Седлоски, ова е прв освоен трофеј во националниот куп. Неговиот колега на спротивната клупа, Илчо Ѓорѓиоски, не успеа да го освои пехарот ниту во своето второ финале.

Со оваа победа, Вардар обезбеди учество во квалификациите за УЕФА Конференциската лига, што претставува дополнителна награда за одличната сезона.

Next Post
Дневен хороскоп за четврток – 22 мај: Финансиско подобрување за два хороскопски знаци, еден хороскопски знак пред животна одлука

Дневен хороскоп за четврток - 22 мај: Финансиско подобрување за два хороскопски знаци, еден хороскопски знак пред животна одлука

АСФАЛТОТ ПОПУШТИ, НО ОДГОВОРНОСТА НЕ: ОПШТИНА БИТОЛА СО ИТНА АКЦИЈА ЗА „БУРСА“

Препорачани Вести

Почна протестот „Правда за Фросина“- родителите во прв ред

12 months ago
Трамп сепак нема да присуствува на преговорите во Турција

Трамп сепак нема да присуствува на преговорите во Турција

9 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.