Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мицкоски: Проблемот што го направи Османи нѐ доведе до ситуација сѐ уште да не можеме да почнеме преговори со ЕУ

by Уредник
22.05.2025
in Uncategorized

„Ќе остане во колективната меморија каква штета нанесе тој човек на македонскиот идентитет и македонскиот народ. Проблемот што тој човек го направи нѐ доведе до ситуација од шампиони во Европа, да не можеме да почнеме сѐ уште преговори со Европската Унија. Тој преговараше за македонскиот идентитет и направи грешка и ако мисли дека тоа сме го заборавиле, се лаже“, изјави Мицкоски

Македонија ќе продолжи да се однесува проевропски и Владата нема дилеми дека треба да гради добри односи со сите соседи, вклучително и со Бугарија, но дека нема да дозволи ултиматуми, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој изрази уверување дека ќе се изнајдат решенија и дека Европската Унија ќе најде механизми за земјава да го добие заслуженото место во Унијата.

„Ние немаме никакви проблеми да го прошируваме нашиот Устав со дел од Хрватите што живеат кај нас бидејќи Македонците се дел од хрватскиот Устав, немаме проблем да зборуваме за Црногорци, Словенци итн., но имаме проблем да прифаќаме ултиматуми. Не сум човек кој прифаќа ултиматуми и никогаш нема да си дозволам да преговарам за нешто коешто знам дека претставува огромен проблем и фрустрација за македонските, албанските, турските граѓани и за сите оние што се составен дел од Уставот“,

рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Желино. 

Според него, во колективната меморија ќе остане дека поранешниот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, преговарал за македонскиот идентитет.

„Ние ќе бараме начин, ќе градиме доверба и ќе го решиме ова, дали оваа генерација или некоја следна, тоа ќе го решиме, но ќе остане во колективната меморија каква штета нанесе тој човек на македонскиот идентитет и македонскиот народ. Проблемот што тој човек го направи нѐ доведе до ситуација од шампиони во Европа да не можеме да почнеме сѐ уште преговори со Европската Унија. Тој преговараше за македонскиот идентитет и направи грешка и ако мисли дела тоа сме го заборавиле, се лаже“,рече Мицкоски.

Во пресрет на утрешната посета на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас, Мицкоски рече дека има исклучително добри односи со неа и потсети дека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски е првиот министер од регионот што го потпишал договорот за надворешна и безбедносна политика со Унијата. 

Како дел од регионалната турнеја, Калас денеска ќе биде во посета на Белград, а утре доаѓа во посета на земјава. Таа ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, а во придружба на министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе ја посети постојаната Балканска медицинска работна група. 

Next Post

Филипче: Со новиот кредит од 6 милијарди, секое новородонче ќе должи по 6000 евра

Во Желино свечено пуштен во употреба нов асфалтиран пат што го поврзува селото Палатица со Тетово

Препорачани Вести

Бугарското МНР со остра реакција на изјавите на Мицкоски: Прашањето за правата на Бугарите во Северна Македонија не е билатерален спор

11 months ago
koncept

Македонски Концепт со остра осуда за иницијативата на градоначалникот на Тетово, Билал Касами

12 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.